За Макрифе Шакири велат дека е жена херој, самохрана мајка и жена којашто управува 12 тонско возило, односно управува автобус на ЈСП.
Емисијата „Урбан таг“ на ТВ 21 во којашто Макрифе гостуваше, ја најави како една од најпозитивните личности кои водителот Валентин Петрески ја запознал.
На почетокот таа рече дека има трема. Возењето автобус не ѝ претставува проблем, на на телевизија морала да внимава што ќе каже и што ќе одговори.
Макрифе исто така кажа дека ен очекувала дека ќе има толку позитивни коментари и толку допаѓања, по сторијата која за неа ја објави „Види вака“, по која луѓето почнаа да ја препознаваат.
-Дури и ќе кажам: Јас плачев. Ме растажи. Јас верував дека има добри луѓе, но дека навистина има толку, се уверив.
Ми се јавија многу самохрани родители како мене, и им препорачувам да имаат трпение, затоа што еден ден, сето ова ќе помине и ќе остане само едно минато“, изјави Макрифе.
Во видеото на „Види вака“ беше раскажано дека таа одела на работа со своето дете и дека секој нејзин ден бил борба за живот.
-Јас сум само еден пример, како мене има многу. Веќе се допишуваме со некои мајки кои веќе ги израснале децата.
Помина што помина, беше тешко, бев упорна, не се откажувам, но верувам во Господ, зашто верувам дека Господ ми праќаше секогаш добри луѓе.
Морам да спомнам дека за детево помагаа моите родители, но и мојата најмала тетка со цела фамилија, вујна ми. Детето понекогаш го носев и кај нив. Помагаа сите. Нешто има добро, не е се така црн-о“, изјави Макрифе Шакири.
Потоа водителот раскажа дека Макфире своето дете го носела на работа кога немало кој да го чува, го возела во автобус и ја праша: Како изгледаше еден ден?
-Многу тешко. Станувањето многу рано, дека јас бев благодарна што ме примија на работа и друго ништо не барав.
Детето рано рано го носев, беше зимно време, а тој со мене, носев специјално столче, и 4 ипол сабајле веќе мораше да бидам на работа, и тој со мене, спиеше во автобус.
Покасно ми направија посебно место, бев задолжена за еден автобус, и таму ми направија посебно место за него каде што седеше, но тука помагаа петниците. После некое време ми дадоа смена којашто почнуваше од шест, меѓутоа ние пак 5 ипол таму.
Така што јас во градника ја замолив госпоѓата да доаѓа порано, јас ја поздравувам, и одеше специјално за да го прими детето, и се беше во ред. Но, сепак е обврска. Кога си сам, од многу работи мораш да се откаже родителот.
Повеќе внимание обрнував на моето дете. Значи, бев зафатена по осум часа на работа или двократно, останатото време бев со него. Меѓутоа имав среќа што се погодија сите од градинка, од прво одделени основно, и ден денес, класните, наставниците, професорите исто така работеа со него.
Сега веќе, ќе биде полнолетен уште малку, на 17 јули му е роденден. Јас понекогаш велам: Сине прости ми, зашто тој е сепак без татко. Јас не успеав… Тој ми вели: Не, јас сум многу благодарен и среќен.
Меѓутоа нашиот однос е повеќе како другари одошто како син и мајка. Се разбираме, многу ми помага, во кујна е експерт. Честопати кога одам дома, ручекот е веќе спремен“.
Таа за својот син рече дека додека бил мал и се возел во автобус бил многу мирен и тивок, и иако сега веќе е пораснат, тој се сеќава на тие моменти кога израснал во автобус, и се пофали дека нејзиниот син зборува четири јазици.
-Кај мене има едно формула, јас лошите работи ги заборавам, ако некој ме уцени, ме понижи и навреди, јас си продолжувам. Мене ме смени и еден сон што го сонував, од тогаш веќе сум сосема друга липност“, рече Макрифе.
Порано, таа била погласна, се лутела за неправдите, им возвраќала на луѓето, но веќе не е таква. Сега, откако почна пандемијата, дури ѝ недостасуваат гужвите во автобусите. Макрифе е задолжена за приградски линии.
Таа откри дека се четири колешки кои возат авобуси, а едната од нив е самохрана мајка, исто како неа, и рече дека колешката била подобра од неа во возење. „Не е тешко возењето, можам да возам ако треба и 12 часа. Одговорноста е голема“, додаде таа.
Видеото можете да го погледнете ТУКА
Фото: Видео принтскрин