Денис Јанкуловски раскажа за бабичката која изгубила тројца во 1 месец

0

Денис Јанкуловски, кој во изминатите месеци, секое утро, пред да оди на работа го почнуваше со песна, сега е главен лик во салата „Борис Трајковски“, каде се врши имунизација на населението.

Тој на својот профил на социјалните мрежи, како и во минатото, кога одеше во домови и земаше брис за тестирање, сега раскажа како се одвива имунизацијата и дел од приказните на луѓето со кои се среќава:

„Од дневникот на Космонаутко или „Пензионерски вакцинални средби во Борис Трајковски – 15-16.04.2021“.

-Дојдов само да ве поздравам, јас сум на Пеце мајката. Браво и фала за се.

-Чекав да се ослободите, дојдов само да ве поздравам од внуките близначки, имаат 8 години, ми рекоа ако е Космонаутко таму кажи му дека го сакаме. – Благодарам, кажете им дека Космонаутко ќе ги гушне во прва прилика. – Фала, инаку ве гледаме на телевизија. Ве пратиме.

-Ми е страв, стварно, што немам. Но вакцинава е и тоа како потребна, кој што сака нека каже. Сакам да си поиживеам ама и не сакам да ги секирам и им бидам терет на младите или не дај боже нешто полошо.

Нема ли да е проблем да поседам малку? – Никако тетке, слободно колку сакаш, нигде не брзаме. (остана, муабетевме, малку поплака, изгубила тројца најблиски во 1 месец, двајца од корона, се натажи но малку и се насмеавме, од се по нешто).

На крај ми рече – Знаев дека во вистинскиот пункт дојдов, Господ да ти даде се што е убаво. – Фала тетке, жива и здрава, со лесно да е и знај дека ова што го правиш е за здравје. На здравје.

-Влегува во кабина 9 или позната како кабина Космонаутко бабичка, цела насмеана и расположена и вика – Сонував како ја добивам Спутник и тоа од Космонаутко, и ете, среќна сум како дете.

-Вие сте оној што го има секој ден на телевизија, така? – Да, претерано – Не, не баш сте супер, многу сакам да ве слушам, зборувате, убаво, паметно и разбирливо.

-Искрено да ви кажам секој ден се мислев, скоро да бев решена да не идам. Ама уште посикрено и без лице да ви правам, ве слушав на телевизија и ме охрабривте да дојдам. И им реков на комшиките и другарките, штом е Космонаутко таму одиме сите. Ви верувам, да сте живи и здрави.

-Доаѓа забрзано накај мене од другата страна на салата да не речам трча и слушам – Сакам кај Космонаутко и точка!

-Космонаутко мајкин, ти си мелем за душа, тебе треба повеќе од турски серии да те пуштаат. – Ама тетке, па не чини толку, ќе здосадам. – А не синко, такви ко тебе никогаш не здосадуваат. Сакаме да те слушаме и гледаме.

Драги мои пензионери, фала ви на убавите зборови (ич не сакам да звучам како фалипртко со нивниве пофални зборови ама па деновиве ми ги направија стварно прекрасни).

Фала ви на довербата чувајте се и ве чекам на ревакцина. Дотогаш останете ми во добро здравје. Ваш Космонаутко.“

Претходна статијаТри пати се оженил и четири пати се развел од истата жена, причината е неверојатна
Следна статијаГо будев детето во четири ипол сабајле и го носев со мене на работа: Приказна за самохрана мајка од Скопје