Македонската актерка Јелена Јованова- Периќ, популарна по улогата на Јелена од Драчево во „Преспав“, откако се омажи за нејзиниот колега, актерот Стјепан Периќ, живее во Загреб.
Јовонова заедно со своето семејство живее во Загреб и се огласи по силниот зем јотрес во Хрватска, на крајот на минатата година.
„За 60 секунди бев облечена и излезена надвор. Минатиот пат ми требаа 180 секунди. Напредок. Браво. Значи доста. Доста. П.С. Добро сме.. Фала ви луѓе, напиша актерката.
Јелена Јованова бременоста со синот Јаков кој се роди во јуни ја помина во време на најголемата пандемија и во време на земјотресите кои и тогаш беа чести и силни во Хрватска.
Јелена неодамна изјави дека спиела под маса облечена, покриена со перници и со ќебиња.
„Живи и здрави сме! Психички се оштетив ми се чини за цел живот! Тресеше како да нема крај и како да ќе нема утре. Неизмерно благодарам за вашата грижа.
Страшно и жално за оние кои останаа без своите најмили и без кров на глава! Чувајте се! Верувам ќе помине и ова и конечно ќе биде добро“, напиша Јелена минатата година.
За својот син Јаков и за мајчинството, Јелена зборуваше во интервју за Hybrid:
– Не постои курс за мајчинство. Лекциите ги учиме во од. Секој ден е адаптација на нешто ново. Соочување со сопствените „тригери“ кои можат да те извадат од чевли исто така.
Мајчинството како и бракот е чин на балансирање. Безусловната љубов која до тогаш само си мислел дека ја познаваш те разоружува тотално, ти го храни светото и емпатичното и нема поубаво нешто од тоа.
Од друга страна несигурностите се црв во мислите. Дали го правам вистинскиот избор за неговите потреби? Дали истиот може да биде подобар?
Не сум комотна во сопственото преиспитување и не знам дали истото некогаш ќе престане.
Безусловна пожртвуваност. Приоритет на потреби кои најчесто не се твоите. Будност со отворени четири очи 24/7. Ми се оладил ручекот – не е проблем. Туширање – можеби не морам денес (се смее).
Кафето – ќе го испијам после доењето. Победата конечно стигна -детето заспало! Одиш во кујна да ги средиш последиците од атомските бомби, а кафето пак извисило. Утре ќе станам порано и ќе имам време за себе!
Истата вечер нема ни да заспиеш со затворени две очи, а сабајлето бебето полно со енергија го чека својот репертоар, па на кафето не ни помислуваш.
Овој исечок не е ни третина од прилогот за борбата помеѓу родителот и бебето во која секогаш победува бебето. И после секоја битка, уморна, но најисполнета заспиваш со насмевка на лицето. Нема послатка робија од мајчинската“, изјави Јованова.
Таа со сопругот и со синот се фотографираше за хрватското издание на магазинот „Стори“ и тогаш за првпат јавноста го виде лицето на нивниот син.
Јелена објави многу убаво стори на Инстаграм, слика која сигурно ги стопи сите млади мајки, а тоа е нејзинито син Јаков, тоест неговото стапало. По сликата, таа напиша: Добра ноќ, свету.
Јелена сега објави уште една интересна фотографија на стори која покажува како таа ја решава несоницата. Јелена наипипа: Кога не можеш да спиеш, и објави слика од специјалитетот кој го подготви за себе и за сопругот.
По сликата се познава дека таа и во кујната ја изразува својата креативност, а и дека е одлична домаќинка.
Фото: Инстаграм принсткрин, Јутјуб принтскрин