Внукот на Тоше Проески, Кристијан Ристески беше во основно училиште кога го загуби вујко му. Денес, Кристијан има 22 години и студира на Универзитетот ЕСРА.
За него се знае дека е музички талентиран, а само еден доказ за тоа е песната „We are blo od“ што ја сними како посвета на Тоше, пред две години.
„Верувам дека дека вујко ми би ми кажал дека песната е многу убава. Најважно е што е во рок стил, кој на него многу му се допаѓаше“, изјави Кристијан во времето кога ја промовираше песната, во 2018 година.
Оттогаш, тој не ја остави музиката, но е послабо активен со нови песни.
„Колку е популарен вујко ми сфатив на Градскиот стадион, на претпоследниот концерт во 2006 година, и на последниот 2007 година. Пред последниот концерт јас имав еден проблем.
Пред концертот бевме во Злокуќани, во куќата каде што живееше, игравме Плејстејшн. Јас тогаш јадев многу благо, и испив цела туба чоколаден прелив.
Пола саат пред пробата, добив труење на желудник, и наместо на проба отидовме директно во болница, па од болница на Градски“, раскажа Кристијан кај Жаре во “Еден на еден“ како Тоше поради него ќе задоцнел на концерт.
Кристијан не сака да го споредуваат со вујко му, начинот на пеење и гласот му се сосема различни, а она што е исто е композиторот Енди Рајт од Англија, кој пишуваше за Тоше, а пишува и за Кристијан.
Младиоот крушевчанец кој е популарен кај девојките добива одлични коментари за песната на Јутјуб.
„Кристијан, имаш преубава боја на глас и браво, браво, браво за песната! На моменти дури и ме потсети на Тоше, тоа значи дека си со тој квалитет и дека си на добар пат“, вели еден од нив.
Иако за него велат дека ги освојува женските срца, тој не зборува многу за медиумите, а за приватниот живот малку му се знае.
Кристијан одамна се има преселено од родното Крушево, во кое оди, и често живее во Скопје.
Тој објави слика од својата убавица, гитарата која отсекогаш многу ја сака. Славните музичари, своите гитари обично така ги нарекуваат.
На сликата која е на Инста стори се гледа дека тој живее некаде во центарот на Скопје и ужива во убав поглед.
Фото: Инстаграм принтскрин