Таа за неа е и мајка и татко: Ќерката на Биба Додева упати важна порака до својата мајка (ФОТО)

0

Биба Додева е една од пејачките со најдобар глас на нашата музичка сцена, и претседател на здружението „Борка“. За својата работа на двете полиња, Додева вели дека многу ја исполнува.

Биба при крајот на минатата година објави емотивна фотографија со внукот, како се гледаат преку прозор. „Во време на вирусот.

Дај Боже да помине поскоро“, напиша Биба. Со оваа слика пејачката објави дека и таа е позитивна на вирусот.

Додева, откако ѝ помина вирусот, за жал повторно имала задравствени проблеми, па објави фотографија од кардиологија.

„Едно селфи и од кардиологија. Маската одозгора ми е да ми одговара со аутфитот. Чувајте си ги срцата. Не секој го заслужува“, напиша Биба.

– Имав почувствувано дека не можам да дишам, а бидејќи имам хроничен бронхитис, и тоа со години го влечам, но така едноставно знаев дека почнав да не дишам убаво.

Претходно имав болку во грбот, мислев дека ми е од умор, од штикли носење, спондилоза, сè ќе измислиме само за да не е ков-ид, меѓутоа испадна дека е.

Можеби поради тоа дека се опуштив, после тоа кај мене беше крш. Неколку пати одев на Инфективна клиника, најр изично ми беше еден момент кога јас веќе ги снимив плуќата, ме пратија на ренген.

Се вратив јас накај кола со тешко дишење, и ми се јавува докторката и ми вика: Каде си?

Под итно да се вратиш, нема пола плуќа, билатерална пневмонија“, раскажа Биба за Канал 5 за тоа како се борела со вирусот. За албумот „Незаборавни“ таа доби награда на Златна Бубамара на популарноста за најдобар албум со кавери, и се заблагодари на својот Фејсбук профил со овие зборови:

-Ви благодарам на сите за честитките! Да не ги заборавиме убавите песни со кои сме растеле, да имаме оваа година концерти и да си дочекаме завршување на пандемијава со музика и гушкање на луѓето кои ни значат!

Уживајте во дел од рефрените од албумот „НЕЗАБОРАВНИ„, специјално за оваа прилика отпеани и отсвирени од Баце мој Дојчин, и дел од мојот бенд Ташко Грујовски & Димитар Михајловски. Ве сакам, дечки.“

Но, Биба објави и видео во кое зборува за нејзината живорна борба во кое вели:

– Сакам да се заблгагодарам на Златна Бубамара на оваа бубамара за најдобар албумот со кавери за 2020 година, којашто не самоп за нас, туку и за сите беше навистина многу предизвикувачка со многу успони и падови’, рече Биба.

Потоа композиторот Владимир Дојчиновски- Дојчин исто така упати благодарница за сите автори кои дозволиле да се преработат сите овие хитови и рече дека во неговата витрина му фалела уште една ваква Бубамара.

– Јас оваа Златна Бубамара би сакала да ја посветам на сите оние колеги наши коишто за жал го изгубија животот во оваа лоша пандемија, меѓутоа исто така и да ја посветам на сите оние коишто пожртвувано работеа сите овие месеци, и мене ме спасија, да бидам еве и тука, денеска, жива и здрава. медицинските работници.

Ви благодариме на сите, слушајте музика, чувајте се, да имаме повеќе вакцини, и да имаме можност целиот албум да го чуете на еден убав концерт“, рече Биба во видео обраќањето кое го сними од Градскиот парк во Скопје.

Пејачката вчера наполни 46 години и на својот Инстагтрам профил објави стори во кое им посака добредојде на своите години. Но, она што исто така е сеподели е честитка од нејзината ќерка, Емануела од чија слика е гледа колку личи на мајка ѝ. Во честитката, Емануела ја нарекува Биба мајка и татко.

-Среќен роденден на оваа кралица: мајка, татко, баба, креативен артист, бестрашен ѕв-ер, сила на природата, најелегантната, срце од жена. Те сакаме“, напиша Емануела.

Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаГо нема тука, а никогаш не бил поприсутен: Адријана Алачки објави носталгичен спомен и слика од младоста
Следна статијаВнукот на Тоше, Кристијан, покажа каде живе со својата „убавица“