Познатиот српски актер по кој лудуваат сите жени прозборе за љубовниот живот

0

Познатиот актер од Србија, Милош Биковиќ, беше гостин во „лајв“ на Инстаграм на магазинот Бекстејџ.

Тој откри дека по потекло е од Македонија, односно дека неговиот дедо по татко е од Берово, и дека претходно се презивале Биковски.

Презимето го промениле во Биковиќ, поради барањето на Тито – сите оние кои се декларираат како Срби и живеат во Србија да си го променат презимето.

Постариот брат на Милош, Михаило Биковиќ е старешина во манастир.

– Мојот брат отиде во манастир кога имаше 22 години, а студираше со потомците на руските емигранти кои дојдоја во Србија по Октомвирската револоција.

Важно ми е да кажам дека со него зборувам како со брат, но секогаш се сеќавам дека е сепак монах кој животот му го посвете на Бога. Понекогаш во разговорите сакам да му противречам, но наместо тоа секогаш му велам „ќе размислам за твоите зборови“- раскажува убавиот актер кој сега живее во Русија.

Неговата мајка имала различен пристап кон актерската кариера на Милош.

– Нејзе мојот успех не ѝ е многу важен. веруваше дека ќе станам глумец, но не ме храбреше доволно во тоа. Кога мојата кариера тргна во нагорна линија, таа ме поддржа. Тој откри дека од првиот голем хонорар ѝ купил стан на мајка си во Белград.

Љубовниот живот на познатиот српски актер е многу интригирачки за јавноста откако шармантниот и талентиран актер се појави на „штиците што значат живот“, никогаш не оставајќи никого рамнодушен.

Милош Биковиќ отсекогаш се обидувал да го сочува приватниот живот од љубопитните погледи, но секогаш има нешто интересно во неговите минати и сегашни љубови.

Во интервјуата е главно сериозен, отворен за разговор, но кога станува збор за деловни планови, тој љубоморно ја чува интимата за себе.

Затоа изненади кога, по долго молчење, зборуваше за тема за која не сакаше да зборува – љубовта. Милош Биковиќ за дневниот весник „Ало“ откри дека не бил во право и дека е повреден.

На прашањето дали овој успешен млад актер е среќен во љубовта, тој рече:

– Сè зависи од тоа што луѓето подразбираат под зборот љубов. Секој има своја претпоставка и поинаква идеја за љубовта, особено што станува збор за апстрактен концепт.

Затоа се повредуваме во љубовта. Мојата претпоставка за љубов е она што е напишано во тринаесеттата глава од обраќањето на Светиот апостол Павле. И јас грешев, а тие погрешија во врска со мене – одговори тој на прашањето дали некогаш згрешил во љубовта.

А на прашањето дали би простил неверство, Биковиќ на шега рече:- Еднаш на улица, продавач на ќибрити ме измами и не му простив.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаДац призна што направил за жена му Весна
Следна статијаД-р Татјана: Вакви клинички слики порано немаше – за само еден ден, 32 годишна жена разви таканаречена „бела плуќа“