Дац призна што направил за жена му Весна

0

Драган Спасов- Дац, е еден од домашните најпознати актери, со бројни театарски и ТВ улоги, долги години миленик на публиката. Во неговата филмографија се запишани и успешно одиграните ликови во ТВ и многу филмски проекти.

Меѓу нив се: „До балчак“, „Тврдокорни“, „Тркало на среќата“, „Македонски народни приказни“, „Обични луѓе“, „Хихирику“, „Време за плачење“, „Салон Хармони“, „Грев или шприцер“, „Крик на немиот Индијанец“, „Време, живот“, „Македонија може“, „За трошка среќа“, „Ѕвездите на 42-та“, „Трето доба“, „Случки од животот“ и незаборавната „Бушава азбука“.

Во последно време, тој е актуелен по дуото со продуцентот Александар Митевски, и имаат снимено неколку песни.

Најголем хит им е „Уште ми фалиш“, а според оваа песна се вика и емисијата која се емитуваше на Јутјуб, во која разни познати личности од повеќе сфери раскажуваат свои приказни од детството, од младоста, но и пеат како дел од сценариото.

Познато е дека Дац е семеен човек и во неколку наврати има споменато колку ја сака својата сопруга Весна.

Во една прилика, објавувајќи слика со жена му, тој напиша: Најубавите очи се оние кои те гледаат со љубов, бојата нема врска.

Дац, на оригинален начин ѝ го честиташе роденденот на својата сопруга: Се сум ти кажал, се знаеш… но, ќе те потсеќам вечно.

Среќен роденден убавице моја. Псссст, чувај ги нашите тајни засекогаш.

По повод осми март, тој ѝ упати романтични зброви на својата Весна: „Мојот Осми март, мојот роденден и мојата Нова година. Мојот цел живот!“, напиша актерот.

Уште една романтична, оригинална честитка, Дац напиша пред некој ден, по повод роденденот на сопругата.

Среќен роденден моја животна сопатничке! Од твојот роденден па се до мојот, ќе бидат затворени обложувалниците.

Aма не е важно и без тоа те сакам. Да си жива и здрава уште многу децении!“, напиша Дац за својата Весна.

Дац и сега објави слика со својата сакана сопруга и им одржа лекција на сите мажи за романтика. Со сопругата се сликаше со по една ѕвезда во рацете и напиша:

Сите ѕвезди ти ги симнав, празно е небото!

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаМе остави поради постара жена, јас имам 40 години, таа 60 – баба може да им биде на нашите ќерки
Следна статијаПознатиот српски актер по кој лудуваат сите жени прозборе за љубовниот живот