Една песна на Балашевиќ ја опиша големата љубов на оваа позната пејачка

0

Популарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ не напушти на 19 февруари оваа година.

Музичарот си замина како резултат на инфекција со вирусот, оставајќи ги зад себе сопругата, трите деца и двете внуки.

Сопругата на Ѓоле, Оливера во јавноста е актуела како автор на романот „Планета двориште“, која излезе минатата година.

Во едно видео интервју таа зборуваше за својот роман, но го спомена и својот сопруг Ѓорѓе.

Во романот има дел од нејзината семејна биографија, дел од биографијата на нејзината мајка.

Таткото на Оливера за-гин ал во во јна. „Судбината на мојата мајка е толку тешка и комплицирана, комплексна. Таа едноставно носеше некоја судбинска казна без никаква вина.

Таа имаше толку самодоверба, без да падне. И се сега се прашувам, дали јас со таква судбина на мојата мајка експонирам некого.

Се до моментот кога сепак се охрабрив со поддршката на Дубравка, и она што е најважниот критериум, а тоа е моето семејство. Требаше да се излезе и да се застане пред таков автор, со таков опус.

Сега веќе можам да кажам дека тој е значен дел од културното наследство, и на Нови Сад и на нашата земја, она што го напиша Ѓорѓе. Ооох, требаше да се тресам пред змејот“, рече Оливера.

Ѓоле на Оливера ѝ посвети песната Оливера, и не само таа, тој напиша бројни легендарни песни во кои тој ќе живее засекогаш.

Една од нив е песната „Еден Саша од возот“, која крие приказна што малку луѓе ја знаат.

Имено, тој инспирацијата за оваа песна ја побара од првата љубов на пејачката Биља Крстиќ, што ѝ се случи за време на студиите на Факултетот за музичка уметност.

Биља и Ѓорѓе биле пријатели во тоа време, а подоцна се роди кумство од пријателството. Ако ова беше првата љубов на Биља, нејзината најголема љубов ѝ се случи со актерот Тихомир Арсиќ во осумдесеттите години од минатиот век.

Од бракот со Тихомир, таа имаа две ќерки, Милица и Ленка.

Тихомир Арсиќ се упокои од канцер на 7 декември во 2020 година.

Фото: Јутјуб принтскрин, Инстаграм принтскрин

Претходна статијаОстанала рано без мајка и живеела во куќа од трски, без струја: На познатата фолк пејачка не и било лесно
Следна статијаНаспроти очекувањата за стивнување на бранот, Филипче предмалку информира за зголемен притисок врз болниците