Полека малку, чекајте – мора ли сега да се оди по фризери, маникири, одмори, да се лета со авиони, да се ака по кафулиња

0

Состојбата со корона вирусот кај нас, како и во поголемиот дел од Европа е повторно во една загрижувачка форма. Во текот сме на таканаречениот трет бран, кој за среќа, деновиве има опаѓачки интензитет.

Многу луѓе се ипокоија, многу наши познати и непознати и полека, дури и на оние најголемите „неверни Томи“, како да им стана јасно дека со вирусот нема играчка.

Сепак, сè уште има луѓе кои целата оваа ситуација ја земаат со резерва и тераат некој свој инает со неносење маски и непочитување на мерките за претпазливост. Токму поради ова, го објавуваме текстот кој ни го испрати наша читателка од Америка, некаде во јули месец минатата година.

-Јас навистина не знам дали сум само јас исплашена од целава оваа ситуација, дали е реално да се пан ичи, да се дезинфицираат работите што се купуваат од самопослуга, дали е реално што ми е „шубе“ кога шетам по улица без маска?

Бидејќи, гледам дека некои луѓе навистина си тераат како ништо да не се случува. Си одат по фризери, маникири, одмори, си летаат со авиони, си излегуваат по кафулиња, ресторани, дискотеки…

Јас живеам во САД, живеам на 20 минути од Менхетен, местото кое пред три месеци беше најголемото жариште на светот со вирусот. Градот Њујорк, еден од, ако не и најголемиот светски центар беше во целосен карантин.

Улиците беа празни, болниците полни, имаше многу заразени и поч инати. Сега, односно вчера, Гувернерот на сојузната држава Њујорк, објави дека за првпат во едно деноноќие, немаат поч инат. Инаку државата Њујорк има 20 милиони жители. Тоа би му дошло како петнаесет Македонии.

Процентот на позитивни од тестираните се движи околу 1 процент. Денес читам дека во Србија имало многу позитивни, процентот бил околу 5, додека во Македонија е фантастични како што читам 12-13 скоро цел месец.

И исто така гледам по социјалниве мрежи преполни кафулиња, ресторани, дискотеки, плажи, банки, улици, паркови.

Гледам исто така дека многу ретко некој носи маска. Мои пријатели од Скопје објавуваат слики од ресторан во Скопје, седат четворица на маса, никој не носи маска.

Јас навистина не знам и не сум паметна, како е ова можно? Како е можно да не се има грам одговорност? Ако не кон себе, барем спрема најблиските, сите имаме постари по дома.

Па мајко му стара, морате ли и сега да одите во кафана, да лумпувате. Стрпете се, скрасете се дома или во најблизок круг на пријатели. Морате ли и ова лето да одите на одмор? Мора ли? Ќе ви пишат минус ли негде ако не објавите фотка од плажа во Охрид или Дојран или Преспа, Албанија?

Не можете ли да се офарбате сами дома? Мора ли фотка од фризерница? Не ги разбирам и овие како мене што живеат надвор од Македонија. Секое лето се враќаме во татковината, но мора ли и ова?

Денес откажале летови Австрија. Мора ли сега да се бараат алтернативни решенија, по секоја цена, преку Србија, преку не знам каде. Мора ли? Пандемија е луѓе. Лошо е, за некои дури и многу лошо и опасно.

Чукнете се малку во глава и размислете, вреди ли сето ова погоре за да се стави нечиј живот во опасност? Смирете се, ќе помине, до следната пролет сигурно ќе биде сè во ред.

И.П. Фото: Илустрација и приватна архива

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаГавазова испеа скапа песна „на пишанка“, домаќинот немаше да ѝ плати
Следна статијаПоранешната Мис Македонија- Вера им стана колешка на Милена, Спенџарска, Бубе и Роберт