Цела Македонија и цела дијаспора, нема кој не уживал во песната на Мишко Крстевски, кој со својот глас и со својата гитара ги допира сите срца, особено женските.
-Благодарам на констатацијата дека сум омилен, но прашањето треба да и го поставите на женскиот дел од публиката.
Огромен поздрав и респект до сите љубителки на убавата музика“, изјави Крстевски во едно постаро интервју.
Во една прилика, во емисијата „Магазин“, тој раскажа како ја запознал својата сопруга.
„Во тоа време свиревме игранки, во Неготино, во ресторан, свириме игранки, 83-84, обично беше тоа за зимскиот распуст.
Одеа сите на гости, кај тетка, кај баба. Горе – доле ги знаеме луѓето што идат, но некои што идеа на гости не ги познававме. Јас гледам некое девојче стои со друштво и тогаш ми фати око.
И кога правевме пауза ние музичарите, му викам на диџејот: Пушти ја Jenny од Falco, и танго се играше тогаш.
И одам јас да ја поканам женскава на танго, и така заигравме танго и се запознавме. Таа имаше 16 години, јас 22. И до ден-денеска сме заедно“, рече Мишко.
Минатото лето, Мишко Крстевски стана дедо. Од помалиот син и снаа ја доби внуката Мишела. Среќната вест за раѓањето на внуката Мишко ја сподели на социјалните мрежи:
-Денес станав дедо, а мојата љубов Сунчица стана баба. Добивме внука од синот и снаата. Фамилијата ни се зголеми и еве песна за добредојде на Мишела.
На сите ви посакувам да доживеете ваква среќа, напиша тој и во чест на внуката ја запеа „Мишел“ од „Битлси“, музиката со која растел. Тој за mms.mk изјави:
-Ова ми е внука од помалиот син а и постариот кај и да е ќе се среди. Му благодарам на Бога се е во ред. Здрави се и добри и бебето и мајката. А за тоа дали ќе биде пејачка, ништо чудно.
Мајка и е пее во “Про Арс” на Татарчевски и е со музичка академија, син ми е компзитор, сите пееме во семејството“, рече среќниот дедо.
За истиот медиум, тој рече дека му е многу мило што внуката го носи неговото име, дека ѝ пее и се топи од среќа кога ја држи во раце, и тој и неговата сопруга.
-Кога си родител, кога си татко цел живот ги подигаш децата, ги пазиш, ги чуваш, вложуваш во нивниот социјален, образовен и психофизички развој, а тоа само со бескрајна љубов е возможно.
А ова е сосема нешто друго. А што може дедо да прави освен да му пее на внучето. Секако и јас го правам тоа. Мишела има само пет месеци и грижата, секако е на снаа ми и син ми, живеат одвоено.
Но јас и баба ѝ кога ќе ја држиме во раце и пееме песни, и се топиме од среќа кога ќе ни се насмее или ќе ни гугне.
Пееме детски песнички секако, но јас не ја испуштам можноста да и запеам и од нашите убави народни. На пример најчесто и ја пеам „ Македонско девојче китка шарена“, изјави Мишко.
Мишко на својата официјална Фејсбук страница знае да објави убав спомен, како на пример од минатата година кога пеел за нашинците во Канада, во Торонто, пред полна сала. Но, сака да сподели и семејни моменти.
Тој во една прилика објави слика од внуката Мишела и напиша: Ние сме спремни за на Шапка… Ама нема снегче.
Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин