Адријана Алачки упати емотивна порака до својот син Баже

0

Адријана Алачки со години наназад е добро препознатлив лик пред ТВ камерите. Таа својата кариера ја почна како пејачка, а потоа продолжи и како ТВ водителка на кулинарското шоу „Вкусот на традицијата“.

„Секој ден му се заблагодарувам на Бога за новиот ден, што сме здрави и живи и едноставно започнувам со мојата ментална хигиена.

Тоа се јога техники што ги користам од многу одамна, кажа во една прилика.

Ако го миете лицето а умот не, тогаш немаме комплетна нега. Како се загадува лицето, така и умот од секојдневието.

Здрав и стабилен ум , дава отсјај на лицето“, вели Алачки која е голем поборник на природниот изглед.

„Немам ботокс, хиалурон, филери. Не сум противник, но сепак кога ќе видам неприродно и лошо аплицирани пополнувања.

Треба добро да се одбере каде и кој ќе ви го работи лицето“, вели Адријана.

Нема подобра козметика и сјај на лицето од здрави живи успешни и среќни деца и внука, и тоа се нарекува специјален третман за лице.

И секоја брчка е од нив, и секој сјај е од нив“, изјави Алачки.

Таа ги има децата Грациела и Благоја, а пред неколку години стана и баба на преслатката Јана.

Надвор од професионалните обврски, познатата пејачка на народна македонска музика е посветена мајка и баба.

„Децата се мои најважни животни Гран При награди. Се друго е минливо, само децата и внуците се трајни животни дела“, изјави Андријана во едно интервју.

„Синко, кога беше мал беше едноставно да ги искажам желбите за тебе и остварам. Но на возраста на која си сега желбите од мајката се непроменливи, но се е во твоите раце за нивната реализација.

Одговорно и храбро пред себе, само ти можеш да ги исполниш и да стоиш цврсто пред твоите планови и одлуки. Се зависи од тебе.

Биди ми здрав и жив, напиша Адријана за роденденот на својот син Благоја. Денес, таа му го честиташе именденот, Благовец.

-Денес е светото Благовестие, Благовец, именден на мојот син Баже. Да е здрав, жив и името да му е вечно.

Да им се радува на основните животни вредности што човека го чинат човек, љубов, почитување и семејство.

Го честитам именденот на сите што го прославуваат. Бог да не благослови и да даде среќни денови“, напиша Адријана на Фејсбук за својот син.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаСè поголеми се шансите да се оди летово во Грција на одмор – Филипче комуницирал со Теохарис
Следна статијаОмилениот пејач на дијаспората раскажа како ја ќарил сопругата и објави како ја чува внуката, радоста негова