Сè поголеми се шансите да се оди летово во Грција на одмор – Филипче комуницирал со Теохарис

0

Состојбата со пандемискиот вирус во регионот и во светот, е со променлив интензитет. Па според тоа се одредуваат и превентивните мерки.

Следните две недели на граѓаните на Косово им е забрането да се движат меѓу 22 часот навечер и 5 часот наутро, освен во итни случаи за да се спречи ширењето на корона вирусот.

Угостителските објекти ќе бидат затворени од 7 до 18 април, а во тој период, забранета е работа на трговски центри, додека продавниците и аптеките можат да работат.

Владата на Косово објави дека се воведуваат нови мерки поради сомневање за постоење на новиот вид корона вирус од Британија и Јужна Африка.

Откако во Србија се олеснети некои од рестриктивните мерки, премиерката Ана Брнабиќ изјави дека 20 отсто од населението веќе има примено по две дози од вакцините против корона вирусот, а околу 26 насто од граѓаните се вакцинирани со една доза.

„Имаме нешто помалку од милион од сите други вакцини. Пристигнуваат и 106.470 вакцини на „Фајзер“, со што ќе ја надминеме бројката од 3,5 милиони добиени вакцини.

Кога велам добиени, мислам – испорачани, бидејќи плативме за сите вакцини што ги имаме.“ – изјави Ана Брнабиќ премиерка на Србија.

САД, пак, се повеќе се плашат од можен нов бран на епидемијата на коронавирусот, поради зголемениот број на заразени и хоспитализирани, пренесува Војс оф Америка. Според истиот извор, бројот на новоинфицирани се зголемува со интензивирање на кампањата за вакцинација.

„Се уште сме на почетокот на овој драстичен раст. Се уште не сме го виделе најлошиот дел.” – изјави Мајкл Остерхолм – Центар за истражување на болести на Универзитетот во Мичиген.

И додека Австралија се уште чека на повеќе од три милиона дози на вакцината „АстраЗенека“ за кои има склучено договор, жителите на Австралија и Нов Зеланд од 19 април ќе можат да патуваат меѓу двете земји без да мора да подлежат на карантин.

Она што ги интересира најмногу Македонците е сепак дали ова лето ќе можат да одат во Грција на одмор. Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис, вчера изјави дека имал контакти со многу политичари од регионот, меѓу кои и со нашиот министер за здравство Венко Филипче:

Теохарис пред грчките пратеници потврди дека се отвораат сите копнени граници на 14 мај. Уште еднаш го објасни владиниот план во пет точки со условите за патување во Грција:

Или вакцинација или негативен тест, во комбинација со контроли при влезот, хотели- карантин за изолација на заразените, вакцинација на туристичките работници, како и строго почитување на здравствените протоколи.

„Бев во низа земји во изминатиот период. Повеќето од нив, всушност, би рекол сите се за северна Грција. Тоа се Романија, Србија, мојата комуникација со министерот за здравство на Северна Македонија, за да го објасниме нашиот план за тоа како ќе отвориме и како би можело да биде на нашите граници.“ – изјави Харис Теохарис – министер за туризам на Грција.

Претходна статијаПроф. Даниловски одговара на дилемата, дали оние кои го прележале вирусот, треба да се имунизираат
Следна статијаАдријана Алачки упати емотивна порака до својот син Баже