Секојдневно сме сведоци на семејни случки од нашето поблиско или подалечно опкружување. Различни карактери, различни приоритети во животот.
На некои им е „светиња“ љубовта и искреноста, некои пак не бираат средтсва и начин да стигнат до материјалното, па ако треба дури и преку брак од интерес.
-Сигурно ќе кажете дека сум љубоморна и од завист го пишувам ова, но да знаете дека не е така. Едноставно не трпам неправди, колку и да ми е блиска особата која тоа го прави.
Тања, другарка ми е вистинска пачавра! Пие, пуши, ги менува дечковците како чорапи, а некогаш знам дека и два-тројца ги менува во иста вечер. Таа е од оние што по јавни вециња го прави….ОНА!
Таа е таква и јас ја прифатив, другарка е стварно, секогаш ќе застане да те одбрани кога треба има лавовско срце. Но, ако те сака и ако те смета за пријател. Инаку знае да биде и многу подла.
Ама, ме разочара пред 15-тина дена бидејќи запозна еден дечко кој тука дошол на одмор со родителите. Живее во Норвешка, навистина добро момче, не е расипано и колку што знам од добра и побожна фамилија.
Навистина другарка ми е многу убава и згодна, ама тој се зацопа во неа преку уши, а таа му се претставува како ДЕВА МАРИЈА! Му кажалала дека има 23 години, дека се’ уште е невина, дека е без пороци, дека е побожна.
Уствари се’ што не е! Како само може вака да го лаже?! Се вадам од кожа кога сум во нејзино присуство и кога гледам како му се лигави и лажно се претставува. А тој пустиот греотичка, не може очи да симне од неа, се лигави кога ја гледа.
Кога слушнав дека тој се спрема да се врати назад во Норвешка и да ја земе со себе, најверојатно да ја ожени, не можев да издржам па отидов кај неговите родители и се’ им раскажав, каква е она уствари и дека треба сето тоа да се спречи.
Bидејќи, за разлика од неа јас сум таква каква што сум, а не она, таа го претставува и глуми мојот карактер, па едноставно совеста не ми дозволи да не ја кажам вистината.
Извинете ако сум конфузна во раскажувањето, ама многу сум нервозна. Нема да верувате што ми одговорија тие! Дека сите девојки во Европа биле такви, па каква и да оженил исто ќе било, а оваа барем ја сака и убава му е.
Се шо кирав искрено да ви кажам, не очекував дека такво нешто ќе слушнам.
И сега се прашувам Галамџии, дали јас сум изгубена во овој век? Па има ли барем трошка морал и чесност? Или светот остана на пачаврите и нечесните?
Искрено го жалам дечково, ама па не е малолетен јас да му солам памет. Секој со својата среќа. Не ми се верува, сепак….
И.П. Фото: Илустрација
Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама