Нашиот најпознат епидемиолог, проф. д-р Драган Даниловски, синоќа гостуваше во емисијата „Во Центар“, кај новинарот Ваако Ефтов. Тој проговори за многу аспекти околу оваа пандемиска криза. Едно од прашањата беше за вакцината Астразенека, со која од денес започна имунизацијата кај нас.
-Астра Зенека има помал број на несакани ефекти од Фајзер. Досега во Британија има 1.5 милиони вакцинирани. Досега ќе се слушнеше ако имаше некои несакани ефекти. Многу симптоматично беше кога рекоа дека под 60 години не вакцинираме, но гледаме дека од тоа нема ништо.
Не една рака се бројат бројот на упокоени од вакцините, а бројот на упокоени од вирусот е милиони, вели професорот Даниловски.
На прашањето од новинарот Васко Ефтов, односно, неговата констатација дека русите и кинезите преку вакцините остваруваат доминација преку вакцините, во светски рамки, професорот Даниловски, одговри:
-Не треба да зборуваме политички, но, доколку се имплементираат Ковид пасоши, тоа ќе биде дискриминација. Доколку од било каква причина се одбие да се прими вакцина, од религиозни причини на пример, притискањето тие да се имунизираат ќе биде неправедно, вели Даниловски.
На констатацијата од новинарот Ефтов дека оние кои прележале ковид имааат имунитет, кој можеби ќе трае и повеќе од една година, професорот Даниловски вели:
Да, потполно се согласувам дека прележаните имаат имунитет. Последните истражувања кои беа правени во тек на 35 недели, на луѓе кои прележале ковид, кажуваат дека само еден или двајца на 10 илјади имаат повторна инфекција.
Покрај хуморалниот имунитет, постои таканаречен клеточен имунитет, кој се активира кога организмот ќе дојде во контакт со вирусот и создава антитела. Но многу интересно е дека многумина кога прават тестови за антитела, ги немаат!
Поради тоа, ваквите серолошки тестови се непотребни и во иднина сметам дека сè помалку ќе се прават, бидејќи тие не даваат реална слика за имунитетот на ковид-19, рече д-р Даниловски.
Ова е добро да го знаат оние кои се разочарани по ваквите серолошки тестови, бидејќи истите покажале дека немаат антитела. Всушност, заштитени се со таканаречениот клеточен имунитет, рече професорот Даниловски во интервјуто кај Васко Ефтов.
Сепак американскиот ЦДЦ препорачува имунизација дури и за прележаните после еден месец. Јас не гледам проблем со тоа, но сепак сметам дека имунизација на прележан, треба да биде после 5 до 6 месеци од прележувањето.
Професорот прогнозираше и кога отприлика би стивнал овој трет пандемиски бран. Според него, од средината на овој месец би требало кривата да почне да се спушта, но колку долго се качуваше, толку долго и ќе се спушта.
Најверојатно кон средината на јули ќе се смири комплетно овој бран. Во текот на есента, не очекувам поголем бран со оглед на прележаноста и вакцинацијата, освен, ако не се појави некој нов сој. Тогаш би било поинаку, рече д-р Даниловски.
-Шпанскиот грип траел околу 3 години, толку ќе трае и овој, вели професорот. На крајот, кога голем процент од населението ќе има имунитет, тој ќе почне да се шири кај децата од 1 до 5 години. Но, кај нив манифестацијата ќе биде со многу благи симптоми.
На прашање на новинарот Ефтов, дали маските ќе станат наш постојан „гаџет“, а компарирајќи со жителите на Азија, кои после сарсот не престанаа да носат маски, професорот одговори:
-Видете, ние за разлика од азијатите сме поинакви. Тие функционираат дисциплинирано, како пчели во кошница. Нашиот менталитет е поинаков, ние сме индивидуалци и тешко тоа би поминало кај нас, вели Даниловски.
Околу бројот на упокоените кај нас, професорот даде подлабока анализа:
-Ние сме население со коморбидитети. Околу 60 проценти од нашето население е со прекумерна тежина, околу 50 проценти се пушачи. Тука се и дијабетичарите, кои се исто така во голема бројка. Ние како нација немаме хигиена на здрав живот, што е голем проблем, рече професорот.
Околу прашањето кое многумина си го поставуваат, каде е грипот во последно време, професорот со уште едно убаво објаснување:
-Видете, една клетка неможе да се зарази со два вируса во исто време. Пример ако некој е настинат и биде во контакт со корона, тој нема да се зарази, бидејќи веќе има вирус во организмот.
Грипот го нема, затоа што во моментов има посупериорен вирус, кој го окипира неговиот простор, затоа го нема, рече проф. Даниловски. Погледнете го видеото подолу, излагањето на професорот Даниловски разреши многу дилеми.