Мајката, и цел живот на грб да ја носиш, пак должен ќе ѝ останеш: Турунџиева со емотивна приказна

0

Познато е дека Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова, хероината на документарниот филм „Медена земја“ многу се зближија.

Јавноста е запознаена со секојднените обиди на Сузана да ѝ помогне на својата нова пријателка за која рече дека се чувствува какод да ја знае цел живот.

Сузана Турунџиева ѝ ги исполнува сите желби на медената Атиџе Муратова, но таа докажа и дека сака да ги исполни желбите на нејзините ученици од ОУ „Гоце Делчев“ каде што предава музичко.

Имено, на осмооделенката Дени, Сузана ѝ овозможила да запее со својата омилена Атиџе, и многу убаво да ја изненади.

– Атиџе е човек кој премногу ги сака децата. Мојата ученичка Дени е осмооделенка која премногу ја сака Атиџе и музиката.

Денес, одлучив да ја исполнам нејзината желба и да им пружам можност (на дистанца) да се запознаат и заеднички да запеат“, напиша Турунџиева на Фејсбук и објави фотографии од овој убав чин.

Атице изминатиов период живее кај Сузана во Скопје и заедно ги поминуваат деновите. Сузана помогна да се изгради куќата на Атиџе во селото Дорфулија.

 

– Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза. Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Maria Duda и нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет).

Со една единствена цел – да ѝ овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна. Хуманите луѓе со големи срца, многу често остануваат анонимни.

Затоа морам да напоменам дека сите градежни работи кои за рекордно време се направија во куќата на Атиџе во Дорфулија“, објави Сузе.

Новиот план на Сузе е на Атиџе да ѝ обезбеди пензија со која ќе може пристојно да живее, но и да ја вклучи во Синдикатот на Земјоделците.

Но, не само тоа. Таа и Атиџе снимија песна која ја раскажува нивната заедничка судбина. Песната ја напишаа следниве автори: Роберто Поп Димитров музиката а Огнен Неделковски текстот. Песната е веќе промовирана, а ова Суза и Атиџе го опејаа во неа.

-Моја Атиџе, душо медена, мислам живот цел, јас те познавам. Иста судбина, ние делиме, се за луѓето, ние правиме“, ја почнува Сузана приказната во песната.

– Има бранови, има планина, човек сонува за убавина. Што е наше знај, ќе ни пристигне, нова светлина доаѓа, да ни помогне“, ѝ одговара Атиџе.

-Многу прошетав, но не научив, зошто плаќаме туѓи гревови. Зошто животот, едно казнува, а пак другите ги наградува?“, се прашува Сузана.

-Тешки прашања, моја Сузана, не би знаела, да одговорам“, ѝ одговара Атиџе. Потоа вели: Душа отвори и насмевни се, сите вистини големи се во песните.“ Во спотот, се појавуваат нивни интересни фотографии од дружбата последниве месеци.

Сузана повторно објави слика од Атиџе, која е важна во нејзиниот живот, како и нејзината помала ќерка Матеа. Но, на сликата е уште една жена, многу значајна за Сузе. Тоа е нејзината мајка која денес полни 80 години.

– Мојата мајка е таква мајка, што кога зборувам за неа треба да стојам простум… Што би рекла наша Атиџе: Мајката, и цел живот на грб да ја носиш, пак должен ќе и останеш…

Среќен 80ти роденден мајко моја, ти благодарам што беше до мене и тогаш, кога околу мене немаше никој… Биди ми тука уште многу долго“, напиша Сузана.

Фото: Фејсбук принскрин

Претходна статијаПроф. Даниловски: Да им се одземе лиценца на оние лекари кои без потреба даваат антибиотик
Следна статијаМицкоски: Некои политичари си поиграа со чувствата на дијаспората