Проф. Даниловски: Да им се одземе лиценца на оние лекари кои без потреба даваат антибиотик

0

Во една од најпознатите групи на социјалните мрежи, „Ковид 19 искуства и совети“, на која граѓаните разменуваат свои искуства за борбта со вирусот, од поодамна, на барање на членовите се вклучија и наши еминентни доктори и професори, кои им даваат релевантни информации.

Најнеуморни во одговарање на прашањата се нашиот најпознат епидемилог, проф. д-р Драган Даниловски, проф. д-р Никола Пановски како и проф. д-р Нико Беќаровски.

 

Еминентните професори, во повеќе наврати се вчудоневидени од терапијата која пациентите ја добиваат од своите матични лекари. Најчесто им даваат Сумамед и тоа во две дози, потоа Панцеф но и други антибиотици, иако и лаици знаат дека антибиотик се дава на бактериска инфекција, а Ковид-19 е вирус.

„Ќе Ве замолам за искуство на некој со следнава дијагноза, препорачано само 2 дози сумамед и сируп од тегавец, сува кашлица непрекинато, температура 37,5-38,сатурација варира 86- 95. Благодарам“, напиша членка на групата.

Одговор доби од професорот д-р Драган Даниловски:

„Две дози сумамед е СКАНДАЛ! Колку се гранулоцитите? Дали ЦРП е преку 100? Со други зборови, дали постои доказ дека станува збор за бактериска пневмонија? Ако не е тоа случај, се работи за вирусна пневмонија!

Со антибиотикот само ќе се влошат симптомите. Знаете зошто? Затоа што во борбата со вирусот се смета, пред сѐ, на сопствениот имунолошки систем. Тој е регулиран од микробиомот (цревната бактериска флора).

Антибиотикот ќе ги увие цревните бактерии. Последично, одбраната на организмот ќе биде на коленици. И вирусот ќе прави што сака… како во „авлија без кучиња“…

Оттаму, многу е важно цревните бактерии да се одлична форма. Како? Само со пробиотици и пребиотици. Не со суплементи!

Од природни извори: ферментирани млечни продукти (за пробиотиците) и многу туршија и овошје (за пребиотици). Едноставно е решението! И дефинитивно не е во „хемија“! Се разбира, доаѓа предвид ивермектин, 0,2мг/кг, до 5 дена.“

Овој одговор од професорот предизвика потпрашање од друга членка, која му напомена дека докторите најчесто препишуваат скапи суплементи, а професорот предлага туршија. Но еве го одговорот:

„Да, на прв поглед звучи како мајтап – препорачувам „терапија“ со јогурт и туршија. Еве зошто:

Млечните ферментирани продукти содржат пробиотички бактерии. И зошто да земате суплементи?

Но, на пробиотичките бактерии во дебелото црево им е потребна храна. Тоа се пребиотиците (растителни влакна – нерастворливи јаглени хидрати). Ферментираните зеленчуци (особено во киселата зелка) содржат многу пребиотици.

Исто така, многу ги има и во легуминозите – грав, грашок, леќа, наут, потоа во овесот и други интегрални житарки, банани, бобесто овошје, аспарагус, артичока, глуварче (листови), лук, праз, кромид, ленено семе, јаткасти плодови – ‘фстаци, бадеми, лубеница, соја, млад кромид, јаболка. Тајната на борбата со вирусов не е во „хемија“. Во храната е…“

Претходна статијаЗорица Брунцлик им се налути на „Звезде Гранда“ поради Марија Шерифовиќ : Јас сум оригинална дива
Следна статијаМајката, и цел живот на грб да ја носиш, пак должен ќе ѝ останеш: Турунџиева со емотивна приказна