Американскиот претседател Џо Бајден, сака сите возрасни Американци, кои сакаат, да бидат имунизирани до 1 мај. Во говорот минатата недела, тој посочи дека граѓаните најверојатно ќе можат да го прослават Денот на независноста на 4 јули со традиционална скара.
За многумина, ова беше првиот сигнал на надежта по долго време. Останува уште многу да се стори, но брзината на вакцинирање последните денови ја прави квази-нормалноста до јули да не изгледа толку недостижна, пишува за „Атлантик“ економистката од универзитетот Браун, Емили Остер.
Сепак, барем една група се чувствува запуштена – родителите. Вакцини за деца под 16 години сè уште не се достапни. Испитувањата започнаа, но децата нема да примат вакцина пред есен или зима.
Родителите прашуваат, по повеќе од една година учење на далечина, без играње заедно, без посета на баби и дедовци, дали ќе мора социјално да се изолираат додека сите други уживаат во скарата.
Но, најдоброто достапно истражување сугерира дека семејствата со мали деца всушност нема да мора да живеат до 2022 година како да е 2020 година.
Родителите можат да планираат скара, па дури и одмор. Објаснувањето лежи во отпорноста на децата кон ковид-19 и колективниот имунитет. Децата не се изложени на висок ризик од ковид-19.
Од почетокот на пандемијата, знаеме дека тие имаат многу помала веројатност да се разболат, а камоли да развијат посериозна форма на болеста. Иако научниците не разбираат зошто, децата се чини дека се природно заштитени.
Како резултат, во епидемиолошка смисла, може да сметате дека вашиот син или ќерка се отпорни како вакцинирани баба и дедо. Замислете на пример една баба која, примила Фајзер вакцина.
Истражувањата покажуваат дека втората доза го намалува ризикот од сериозно заболување за 95 проценти. Ризикот од упокојување е значително помал, иако прегледите не беа насочени кон донесување заклучок за тоа.
Различни вакцини даваат различни резултати, но сите вакцини одобрени од американската Администрација за храна и лекови (Pfizer / BioNTech, Moderna и Johnson & Johnson) се многу ефикасни, па затоа Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) објавија дека вакцинираните лица можат комуницираат без маска со други вакцинирани лица.
Сè уште нема препораки за летови, но ЦДЦ се очекува да ги олесни советите за летање за вакцинирани лица во следните недели. Сè уште ќе бидат препорачани маски за да се заштити невакцинираната популација.
Ајде да размислиме за децата сега. ЦДЦ објави проценки на ризик според возраста. Децата на возраст од 5 до 17 години имаат 99,9 проценти заштита од ризик од см рт и 98 проценти од хоспитализација. За деца под четири години, овие бројки се 99,9 проценти за см рт и 96 проценти за хоспитализација.
Главната цел на вакцинацијата е да се спречат сериозни болести и см -рт. Од оваа гледна точка, детската возраст има ефект сличен на вакцина. Невакцинирано прваче во основно училиште има приближно иста заштита од сериозно заболување како и вакцинирана баба.
Нешто потешко е да се спореди ризикот од каква било инфекција. Израелска рецензирана студија покажа дека вакцината Фајзер ја намалува инфекцијата кај асимптоматски случаи за околу 90 проценти и кај симптоматски случаи за скоро 94 проценти.
Случаи кај деца не се добро документирани, делумно затоа што асимптоматска инфекција е честа кај децата. Достапните податоци сугерираат дека децата имаат многу помала веројатност да бидат заразени со корона вирус отколку возрасните, но сепак, има веројатност да бидат заразени од вакцинирана баба.
Ова може да остави двоен впечаток. Да, децата се заштитени од сериозна болест исто како и вакцинираните баби и дедовци, но тие не се толку заштитени од општа инфекција со корона вирусот.
Дури и ако не постои вакцинација на деца, тие немаат ист ризик од сериозни болести. Тука, концептот на колективен имунитет би можел да спаси живот ова претстојно лето. Ако израелската студија за вакцината Фајзер е прецизна, тогаш стапката на инфекција ќе падне кога голем дел од возрасните ќе се вакцинираат.
Бројот на заразени веројатно ќе се намали драстично бидејќи вирусот наоѓа сè помалку рецептивни домаќини. Децата ќе добијат одредена заштита од инфекција едноставно затоа што нема да циркулираат многу вируси.
Кога размислувате за дружење или патување со вашите деца ова лето, имајте на ум дека најверојатно ќе патувате во средина со ниска инфекција со еквивалент на вакциниран постар родител, посочува Остер за Атлантик.
Дури и ако децата се премногу мали за да носат маска, тие се заштитени од овие други фактори. Истата логика може да се примени на дружењето и кампувањето и на сè друго. Да, вакцинирањето деца е пожелно, но дури и да не е така, децата немаат ист ризик од сериозно заболување како и останатите.