Својата поддршка кон домашната музика и уметноста воопшто Панчо и Андреј, односно момците од двоецот ДНК уште еднаш решија да ја изразат на мошне уникатен начин.
Имено, нивниот последен материјал, односно ексклузивното „The best of“ издание, како и ДВД изданието од последниот концерт во Метрополис арената се ставени на продажба.
И тоа не е се – најинтересно е што сите фанови на ДНК од Скопје нарачката ќе ја добијат, што се вели, на рака и тоа лично од Панчо и Андреј.
– Сите се наоѓаме во исклучително тешка состојба, а нашата дејност е можеби и најпогодената во целава ситуација.
Нас како ДНК (Панчо и Андреј) единствената егзистенција ни доаѓа исклучиво преку музиката.
Поентата на ова наше обраќање не ни е да се жалиме бидејќи знаеме и свесни сме дека има семејства, фамилии и луѓе кои се во многу полоша состојба од нашата, туку сакаме да ја подигнеме свеста за ПОДДРШКА на македонската музика и воопшто уметноста во овој исклучително тежок период за сите артисти преку купување на нашите дела за сите оние физички лица и фирми кои се во можност и кои на некој начин сакаат да не поддржат во овој период.
Иако имаме 5 албуми се одлучивме да го ставиме нашиот последен албум “THE BEST OF” ( ексклузивно издание ) и ДВД изданието од нашиот последен концерт во Метрополис арената од 2017 година по повод 15. наш роденден , велат Панчо и Андреј.
Изданијата може да се купат и нарачаат исклучиво онлајн преку ФБ фан страницата на DNK и на приватните ФБ и инстаграм-профили на Панчо и Андреј @djshortypofficial @andrejdnk.
– Доставата ќе биде биде бесплатна низ цела Македонија, а во Скопје ќе бидат доставени лично од нас.
Секаков вид на поддршка од ваша страна ќе ни биде добредојдена, дури и само ако го споделите постот и ја проширите приказната да допре до што повеќе луѓе, велат дечките и откриваат дека наскоро од нив ќе следува и нешто ново“, најавија ДНК.
Прва оваа идеја ја поддржа пејачката Елена Петреска, која купи ЦД.
Сакаме јавно да се заблагодариме на нашата колешка Елена Петреска, која ПРВА го скрши мразот, нарача Цеде и ДВД и покажа како се дава поддршка на МАКЕДОНСКИ колегите. Елена длабок наклон од нас и огромно фала за поддршката.
Оваа нивна интересна идеја ја поддржа Елена Ристеска, која како и сите други си нарача ЦД- а и ДВД од ДНК. Имено, на врата дома ѝ се појави оригинален доставувач.
– Добар ден, госпоѓица Елена Ристеска?“, рече тој во сторито на Инста кое го објави Елена. „Да, повелете?“, одговори Елена.
„Од карго ми кажаа дека сте нарачеле комплет Цд и ДВД.
-Така е, да, ви благодарам многу“, рече Елена. „Дали сте задоволни од доставата?“, ја праша доставувачот. Да, одговори таа и му даде пари на доставувачот.
Кога подобро ќе ја погледнете снимката, ќе сфатите дека всушност лично Панчо на Елена ѝ ги однел музичките изданија дома.
Како за сите, така и за неа. Оваа објава е знак дека музичарите меѓусебно силно се подджуваат едни со други во ова кризно време.
Идејата на ДНК и гестот на Елена која е нивна пријателка е за секоја пофалба.
Фото: Инстаграм принтскрин