Младен на Тарчуловски е успешен спортист, Соња напиша емотивна посвета за синот

0

Соња Тарчуловска е успешна пејачка од областа на фолк музиката, но позната е и како сопруга на Јохан Тарчуловски и мајка на три деца: Мелани, Младен и Јоана. За своите почетоци, Соња зборуваше во едно интервју за „Точка“.

– За моите почетоци има многу да се каже: позитивни спомени, полни сали, дискотеки, кафеани – тоа ме исполнуваше.

Лесно е да се биде пејачка, ако знаеш вистински да се носиш со таа професија токму како што наликува без наметнувања, знаеме дека се’ што е спонтано е подобро.

Дали добро се заработува? Јас лично да, добро заработувам иако не сум доволно активна, си ги ценам сопствените вредности во нормала на стандардот.

Публиката е таа што проценува, зошто ја слуша или почитува пејачката. Лично мене многу ми значи текстот и музиката, и ако со нив ги освојувам јас сум почестена.

Таа зборуваше и за својот сопруг Јохан и за децата: На подобро се променија работите, Јохан е добар татко, децата ни се прекрасни, а јас сум среќна поради тоа. Кога би можела да избирам за децата?

Јас сум човек и мајка која сака своите деца сами да си го изберат патот и професијата што сакаат да бидат, а јас само би им дала максимална поддршка“ рече Соња.

– Верувам во мислата дека жената е убава и исполнета кога е сакана и почитувана. Женственоста или ја имаш или ја немаш, јас не ја искажувам но сепак таа ме издава.

Никаков притисок неможе да придонесе како сакам и каде сакам да се облечам, но треба да се има мерило и знаење каде како треба. Идол немам, сите жени се прекрасни“, додаде пејачката.

Синот Младен има 13 години, а најмалата ќерка Јоана, изминатото лето наполни пет години.

Со емотивната објава на Фејсбук, Соња ѝ го честиташе роденденот на Јоана: „Ти си нашата паметница! Вистинска бајка си мамино.

Мелани, најстарата ќерка е талентирана за музика на својата мајка. Мелани е ученик во средното музичко училиште Илија Николовски – Луј.

Таа уште сега го пронајде својот пат во животот и ја одбра музиката како идна професија.

Нејзиниот успех, освоеното второ место на меѓународниот фестивал во Малта вели дека е само почеток на она што допрва ќе следува.

Амбициозна е, млада и преталентирана, а за тоа одличен доказ беа и резултатите од фестивалот.

Таа за Хаштаг, ги откри своите сегашни и идни планови поврзани со музиката, но откри и кој бил виновникот за овој нејзин избор во животот.

– Можеби сме два различни света, но таа е личност која секогаш стоеше позади мене, стои и ќе стои се додека смета дека сум на вистинскиот пат.

Мојата фамилија ми е најголема поддршка и среќна сум што се покрај мене. Ме предизвикуваат да стремам кон моите цели“, откри Мелани за свота мајка.

Младен кој има 13 години се занимава со спорт, тој игра фудбал во ФК Вардар. Тарчуловска вчера објави слика од синот, а за тоа има специјален повод, Младенци, неговиот именден.

Младен среќно и вечно име. Биди жив и здрав синко“, напиша Соња за својот син на социјалните мрежи.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаЛегендарниот пејач избегна респиратори, на 85 години се „извади“ и наскоро излегува од болница
Следна статијаДоставувач и тропна на врата: Добар ден, госпоѓица Елена Ристеска?