Тамара излезе од изолација- се пофали дека направила нешто добро за себе (ФОТО)

0

Тамара Тодевска, една од нашите најпопуларни пејачки, која на Евровизија во Израел во 2019 година го освои седмото место со песната Proud, гостуваше во Јутјуб емисијата Жешко столче со Никола.

– Биди благ те молам, стара сум веќе не можам да поднесам“, го замоли Тамара водителот на почетокот од емисијата, и го замоли да не ѝ поставува многу провокативни прашања.

Тамара најави дека во моментов во студиото на Лазар Цветковски снима нова песна со модерен звук што мириса на нејзинот стил.

Тамара откри дека е многу талентирана за сликарство, и како мала имала добиено награди на натпревари по цртање, па се пошегува на нејзина сметка: „Сигурно сум била втора“.

Раскажа и дека имала свои изложби, и сега на своите деца сака да им пренесе љубовта кон цртањето.

Потоа муабетот ги наведе на еден од најголемите нејзини хитови, можеби и најголемот „Тажна љубов, среќна песна“.

„Велат дека хитовите се прават еднаш во десет години. „Тажна љубов, среќна песна“ беше во 2014, и имав уште некое време да стигнам до уште некој таков хит. Жал ми е што не направив спот, не знам што размислував тогаш.

Не дека не ми е омилена, предосадна ми е. Не можам да ја слушам. Ја имам препеано и ми е дојдена преку глава, ама далеку од тоа дека јас не ја сакам.

Сите мои песни си ги сакам, но дали дека ми е преслушана, кога ќе ми кажат за „Тажна љубов“, превртувам со очи, и викам- аман више со таа песна“, изјави пејачката.

Потоа, водителот ја праша: Дали ти прости народот откако ја истетовира химната. На ова, Тамара му одговори:

„Не беше тоа поентата воопшто, да ми простуваат, едноставно, едно сабајле се разбудив, му се јавив на Горан Мичиќ и му реков: Сакам да ја истетовирам химната. Он ми рече: Ма, дали си ти нормална.

Му реков: Имам желба да си го запишам тоа на телото и да ме потсеќа на еден период од мојот живот којшто ми беше доста тежок и ми остави некоја рана на срцето“, рече Тамара и повтори дека не ѝ била намерата некој да ѝ прости, но ѝ е драго ако имало такви коментари.

Пред нешто повеќе од две недели, Тамара на Инстаграм одговараше на прашањата на своите фанови, и напиша дека тоа го прави додека чека резултати од тестот за вирусот. Пејачката искрено кажа дека има симптоми.

Ајде малце да се подружиме дур чекам резултати, напиша пејачката. „Како успеваш да си ги поделиш обврските со оглед дека си јавна личност?“, ја праша еден од фановите. „Со добра организација на времето, сè се може.

Животно мото, ја праша еден од фановите: Биди кул и ждригај, одговори Тамара со смајли.

На крајот, таа ги објави резултатите дека е позитина на вирусот и рече: Ајде нека е честито. Се гледаме за две недели!

Тамара чекаше и дочека да помине периодот на изолација и денеска веднаш реши да направи нешто добро за себе.

Таа се пофали со стори од фризерски салон со нова фризура на Инта стори.

Со тоа покажа дека излегла од изолаиција и дека одлично изгледа со новата фризура.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаБлагица Павловска: Навреме се вратив од Швајцарија, Америка и Канада – објасни и како се брани од доворувачи
Следна статијаВлегов на фејсот на жена ми и имаше што да видам – се допишувала со „старец“, а потоа и избега кај него