Елена Ристеска: Од нула, сосема сама завртев нова животна страница

0

Елена Ристеска во моментов е послабо активна во музиката, но нешто сосема друго ѝ го окупира времето на популарната пејачка.

Елена од неодамна е сопственик на своја козметичка линија ЕРА, која го носи името според нејзините иницијали и првата буква од иемто на нејзиниот покоен татко, Ацко.

Пејачката во неколку интервјуа изјави дека е зафатена со промоцијата на женскиот и на машкиот парфем и нема време за љубов. Но, не ја исклучува можноста повторно да се омажи.

Елена пред повеќе од пет години се разведе по четири години брак.

Таа неодамна изјави дека ја нервира што луѓето се полни со предрасуди за јавните личности. Тоа го искажа и во една од нејзините песни „Немаш право да ми судиш“, за која го напиша текстот.

„Луѓето се полни со предрасуди за нас, не знаат во што да веруваат а во што не од напишаното или кажаното.

Не е ни за осуда таквиот став, денес може да се пише сè и сешто за секого без да се сноси одговорност ниту да се има совест дека се влијае на нечија судбина, па луѓето се во заблуда за нас.

Но, кога ќе ти пријде потенцијален партнер и ќе те разочара со прашања од типот на: „Сум чул за тебе „тоа и тоа” или вистина ли е “тоа” за тебе“, веднаш сфаќаш дека тоа не е дораснат и доволно реализиран партнер за да можеш да градиш иднина со него.

Уште не те запознал тој веќе те осудил со сомнеж. Таквата приказна најчесто не е вистинската. Со целиот тој лавиринт од приказни за нас јавните личности, мислиш лесно е да ти пријде некој сосема нормален партнер?“, изјави Елена за „Женски магазин“.

Во истото интервју таа зборува и за тоа каков би сакала да биде нејзиниот иден сопруг. Важно е, според Елена, оној со кој ќе го помине животот да биде интелегентен.

„Да е исто така еднакво амбициозен како мене за да не ме влече назад во кариерата. Да растеме и да создаваме заедно, да градиме заедничка империја и успеси.

Најголемиот порок да му биде зависност од јадење благо. Да спортуваме заедно. Да има смисла за хумор, бидејќи рецепт за долготраен брак и живот е смеата и интерните шеги.

Да ми биде најдобар другар, бидејќи нели треба да е „брачен другар”. Да можам со него сè да споделам. Безусловно да знае да љуби, бидејќи јас само така умеам.

Да му е важна сегашноста , а не минатото или иднината. Едноставно, јас и тој од едната страна и целиот свет на другата.

Звучеше како оглас? Хахаха“, рече пејачката. Елена на социјалните мрежи објави статус во кој најави ново поглавје од нејзиниот живот, заедно со интересна фотографија.

Оваа нејзина уметничка но провокативна, црно-бела фотографија, ја споделија многу нејзини пријатели од естрадата, и со тоа ѝ дадоа поддршка. На Инстаграм и на Фејсбук, Елена напиша:

– Ако си успешен во нешто, или ќе те копираат, или ќе ти завидуваат, или ќе те мразат”. #Достоевски. Јас немам проблем со ниту едно од трите нешта погоре набројани.

Затоа што во најтешкиот период во целиот свет, одлучив да отворам нов бизнис од нула сосема сама и завртев нова животна страница.

Продолжувам со уште поголема страст и желба да го градам мојот сопствен бренд за козметика era_cosmetics со тоа што денес започнува кампањата за новиот производ ERA SHOWER GEL for women and for men.

Покрај ЕРА парфемите кои се’ повеќе освојуваат срца и задоволни љубители на парфеми, она што тестирачите на гелот за туширање го коментираа беше дека е нешто вистински вредно, дека буди чувство на мекост додека се користи.

Според мене, мирисните ноти на гелот кои се со слична арома како парфемите успеваат да ве однесат на некое егзотично место, тоа беше и целта на тимот.

Исто како и во музиката така и секој мирис треба да ве обземе и однесе на некое друго место.

За потребите на кампањата изработивме нови фотографии со мојот тим (Даниел Николовски) кој овојпат се надмина себе си и изведе совршена шминка, па не беше потребна премногу постпродукциска корекција.

Нашиот нов соработник, талентираниот Иван Наунов позитивно ме изненади со чувството за добра фотографија и осветлување. Благодарност до сите останати во тимот кои придонесоа уште еден мој сон да стане јаве.

Ваша, Елена Ристеска“, објави пејачката. Објавата и фотографијата која се споделува можете да ги видите ТУКА.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаСе тркавме со луѓето, кој каде отпатувал, кој колку потрошил, кој каде бил: Македонка одржа лекција на Фејс
Следна статијаЛегендарниот Ју пејач на 76 години скија, бере грозје, има 34 години помлада жена и син кој сите го сакаат за зет