Легендарниот Ју пејач на 76 години скија, бере грозје, има 34 години помлада жена и син кој сите го сакаат за зет

0

Жељко Бебек, легендарниот пејач на Бијело Дугме има 76 години, и е неверојатно витален и полн со енергија.

Бебек на својот Инстагртам профил честo објавува слики од своето семејство.

Бебек е сопруг на Ружица и татко на Катарина и на Звонимир и неговиот Инстаграм е полн со слики како бере грозје, како скија, како спортува. Изгледа дека годините ништо не му можат.

Во изминатите дваесет години, Бебек не пропушти ниту еден важен момент во животот без да го снима.

Сите тие моменти, од родендени, патувања, па дури и од просторијата за породување, неодамна се појавија во видео што ја придружува неговата песна, „Направи ме среќен“, која ја издаде минатото лето.

Песната ја опишува вистинската личност на легендарниот рокер.

Во разговорот, 76-годишниот за novilist.hr Бебек го открива неговиот музички пат, кој започнал во старите училишни денови, и кој го водел кон успешна соло кариера.

-Долго време ги снимав сите убави моменти од мојот живот, Ружица, децата, патувања низ светот, сите важни датуми, па ги уредувам во кратки филмови што ги чувам на посебен диск, за да можам да ги прегледам во секое време.

Имам околу триста филмови во таа моја архива. Големо задоволство е за нас дома, како и за многу наши пријатели, да гледаме клипови од животот кои беа снимени со многу љубов“, изјави пејачот.

Згодната сопруга Ружица е најголемата поддршка на Бебек веќе две децении. Ружица е негова трета сопруга.

Иако меѓу нив има 34-годишна разлика, парот е сепак еден од највљубените на регионалната сцена.

„ Сфатив дека нашите очи се сретнаа и дека, како што сакаат да кажуваат, кликнавме веднаш.

Мислам дека во тој момент донесов одлука дека ќе направам сè за да ја придобијам, да ја убедам да остане засекогаш со мене”, рече тој во едно интервју за Нова ТВ.

Парот се венча во 2002 година, а внимание во јавноста кренаа кога објавија разголени фотографии што ги објавија во пресрет на годишнината од нивната венчавка.

Пејачот беше во брак три пати и од првиот брак ги има ќерките Силвија и Бјанка, а од третиот брак со Ружица има ќерка Катарина и син Звонимир кои тргнаа по музичките стапки на неговиот татко.

Тој е многу близок со своите деца, а ќерката Силвија му подари три внуци. „Секако сум подмладен со тоа што минував време со моите внуци Тина, Леон и Ема, децата на мојата ќерка Силвија, која ја имам од првиот брак, и зетот Марко.

Одлични се, сите одат на училиште, но сите се помлади од Катарина.

Посебно уживам во нивната љубов и лојалност кон мене како нивниот дедо. Се чувствувам убаво и како татко и како дедо. – вели Бебек.

Неговиот син Звонимир е гитарист во бендот со кој свири Бебек, па и работата им овозможуива да бидат заедно постојано.

Тој има 18 години, и веќе станува популарен меѓу девојките, а дел од коментарите на социјалните мрежи се дека секоја мајка би го посакала за зет.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаЕлена Ристеска: Од нула, сосема сама завртев нова животна страница
Следна статијаКате од „Нели ти реков“ откри зошто мажот ѝ ја следи на сите настапи и како пропуштила да стане позната во цела ЈУ