Тања Савиќ ја добива битката за децата: Ми се остварија молитвите

0

Пејачката Тања Савиќ се бореше една година да ги врати синовите Душан и Максим, кои нејзиниот поранешен сопруг Душан Јованчевиќ ги однесе во Австралија без нејзино одобрение.

Тања ги ангажираше најдобрите адвокати од Србија, но и од Австралија, каде поднесе туж ба против Душан, објави српска „Република“ минатата година.

Целата постапка и процес ќе ја чини Тања многу нерви, но и пари, кои ги нема во моментот, бидејќи нејзиниот сопруг, покрај децата, целата заштеда ја однел во Австралија, па семејството на пејачката многу ѝ помага.

Токму од таа причина, семејството на Тања наводно продало парче земја и и ги дало тие пари за да може да плаќа за адвокатите во Србија, како и во Австралија.

– Семејството повеќе не можеше да гледа како Тања страда и плаче секој ден! Тие одлучија да ѝ помогнат да продаде сè што поседуваат за да може да ги плаќа адвокатите и да ги врати децата дома – откри извор близок до семејството Савиќ и додаде:

– Имаа парче земја во Радинац и го ставија во оглас, наскоро се јави купувач и го продадоа земјиштето за 10.000 евра за Тања да ги покрие основните трошоци.

Тања сега објави фотографија од децата на Инстаграм, а исто така напиша дека сега се конечно повторно заедно.

– Моите две најголеми љубови. Максим и Ѓорѓе. Залудни беа сите овие 335 дена без вас.

Иако бев многу осамена, вашата смеа која (и покрај физичкото раздвојување од вас) не избледе во моите мисли, и истовремено беше стимул за денот кога ќе ве видам повторно.

Тој глас ми даде надеж. Гласот на моите ангели. Само ние знаеме колку е волшебна таа љубов меѓу нас. Нешто што не може да се опише со зборови.

Но, со поглед и со насмевка може. Оние моменти кога се разбираме и кога не зборуваме се бесценети.

Додека цело време се држиме за раце од дома до училиште … Додека лежиме заедно навечер и се смееме на моите смешни измислени бајки. Сето тоа беше прекинато некое време. Животот не е бајка …

Да се ​​биде мајка е Божјио повик- да се биде борец и учител. Кога од ученик ќе станете наставник, тогаш тоа е победа. Победа над себеси. Вие сте мои херои.

Ви ми дадовте сила да издржам. Ја чувам радоста и трепетот во моето срце за нашите немирни и разиграни идни денови.

Нашите молитви конечно да бидеме заедно се остварија! Мама ве сака. П.с. Ви благодариме што секогаш бевте тука ми беше потребно. Јас сум најсреќната мајка – напиша Тања.

Фото: Инстаграм принтскрин

 

Претходна статијаМакедонец од Белгија објасни како таму делуваат мерките за заштита и што не работи со месеци
Следна статијаЈордан Митев кажа како тој ја разбира „Прочка“: Грешката може да се повтори, затоа мора да има вистинско покајание