Презентерката Бубе Јаневска, откако ослабе изгледа како девојче

0

Една од нашите најубави и секако најпопуларни ТВ презентерки е Бубе Јаневска, која откако се омажи за Александар, го додаде и презимето Ивановска.

Бубе е една од оние јавни личности што е активна на социјалните мрежи, но не преферира многу да објавува детали од своето секојдневие. Сепак, понекогаш знае да направи исклучок и да објави нешто од приватноста.

Во 2014 година, убавата презентерка роди ќеркичка, чие доаѓање на свет на „Фејсбук“ го објави со зборовите „Добредојде моја мала барбико, те сакам бескрајно“. На ќерката, таа и сопругот ѝ го дадоа името Нела.

„Во деновите од викендот ги имам најубавите утра. Има ли нешто поубаво од гушкање со сопственото чедо, а ќерка ми Нела обожава наутро да се гали со мама. Тогаш си ги правиме плановите како и каде ќе го минеме денот“, изјави Бубе во едно интервју.

За vipheart.mk таа зборуваше за својот карактер и за тоа кои особни ги сака, а кои не ги сака кај себе.

„Емотивноста ме нервира кај себе, а и во одредени ситуации наивноста што во ова време-невреме им верувам на луѓето.

Иако, искреноста и чесноста се мои одлики, очекувам и другите да се такви, а за жал не се. Од карактерот мој… Па, не знам како се вика таа особина ама не си поднесувам понекогаш што мислам дека можам сè сама“, рече Бубе.

На прашањето, во кои прилики најмногу лаже, таа даде интересен одговор во истото интервју:

„Кога порано мајка ми, а сега сопругот ќе прашаат: „Пак си купила нови чевли?“. Одговорите се два, дека штиклите ми се стари, дури од лани или дека се многу пониска цена од реалната односно евтини, па греота е да не се купат. Па која жена не лаже за штикли?“.

Бубе изгледа одлично последниве месеци, таа значително ослабе и делува доста полмладо.

– Бев незадоволна како изгледам ми донесе ниска самодоверба, затворање во себе, некаков револт којшто не знаев како да го контролирам и како да се справам со него. Потоа гардеробата…

Стилот кој го негувам, како растеа килограмите, така исчезнуваше. Почнав да се затскривам зад поширока облека, да се закопчувам до грло, да избегнувам да носам дури и штикли.

И наоѓањето соодветна позиција пред тв камерите каде што нема да се познава вишокот почна да ми станува секојдневна преокупација, па дури и да ме фрустрира. Тоа едноставно не бев јас.

Почнав да разгледувам и се појави една Фејсбук страница на која видов неверојатни резултати, поткрепени со фотографии, со бројки од изгубени килограми.

Бев позитивно изненадена од тоа што го споделуваа луѓето. На две недели губеле по 2-3 килограми, па и повеќе.

Тоа што го видов беше доволна мотивација за да го наравам првиот чекор. Искомуницирав со Емилија Спасовска – Мојсовска“, раскажа Бубе за тоа како ја довела линија до перфекција во Женски магазин.

Презентерката денес објави слика од неа, најверојатно како се подготвува за на вести.

Сликата прв ја објавил стилистот Дадар, и неа е повеќе од очигледно дека Бубе изгледа како девојче!

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаПознатите иронично коментираат за Васил Гарванлиев: Заради тоа што бил предобар и пребаран во Торонто решил да се врати во Македонија
Следна статијаВане Цветанов моли за прошка: Ве молам простете што не ве информирав дека на 9 март се оженив со Дунавка