Ване Цветанов моли за прошка: Ве молам простете што не ве информирав дека на 9 март се оженив со Дунавка

0

Поранешпната мис на Македонија, манекенката Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов, поранешниот директор на Агенцијата за спречување перење пари уживаат во својата љубов.

Дунавка го отвори срцето на поранешниот директор на финансовата полиција и в.д. претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата во Македонија, Ване Цветанов.

Тие двајцата од неодамна се во љубовна врска и уживаа во нивниот прв заднички одмор на море во Турција, што и едниот и другиот, јавно го обелоденија на социјалните мрежи.

Дунавка насмеана од уши до уши, во прегратките на новото момче објавувајќи ја „морската слика на љубовта“, на својот Инстаграм само кусо напиша дека е „среќна со сродната душа“!

Манекенката Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов на почетокот на годинава во нашиот туристички бисер Охрид, се свршија. Пред пет месеци нивната врска ја обелодени токму Цветанов.

Ване Цветанов ја објави веста за свршувачката со Дунавка на својот фејсбук-профил. По објавата во која тој го напиша следново, пристигаа бројни честитки:

-2020-та година е една од најзначајните за нас. Благодарение на Бога, токму тоа лето Господово го отворивме најубавото љубовно-животно поглавје.

Се надеваме дека Бог ќе не благослови со сето она што е потребно за да напишеме убави страници и во новата 2021-ва година.

На сите добри луѓе им посакуваме многу среќа, љубов, здравје, бериќет, успеси, радосни и многу позитивни моменти во новата 2021-ва година!

Во една прилика пак Дунавка за љубовта за Ване кажа:

-Со Ване се познаваме две години ама онака, од видување, излегувавме на исти места. Тој не е мој профил на дечко, сум го гледала со други очи, на поинаков начин.

По две години на слава на „Св. Никола“ братучед ми правеше голема журка и Ване дојде со друштво. И толку беше. Некаде после „8 Март“ му се јавив ама си правевме обичен муабет.

После тој ми честиташе Велигден. Од тие неколку разговори сфативме колку за многу работи исто размислуваме, дека важни ни се исти вредности, почитување дом, во поглед на животот, ист стил на живот, вели Дунавка.

Двајцата пред околу еден месец уживаа кај нашиот северен сосед Србија. Очигледно е дека Ване е таму службено, во придружба на неговата сакана, а слободното време го поминуваа во прошетка низ улиците на Белград.

-Благодарност за срдечниот пречек од страна на колегите во Министерство за финансии на Република Србија. Имавме одличен и продуктивен состанок и соработката ќе продолжи во иднина.

Добрите односи со соседите се важни, бидејќи секое добро практицирање на Европското законодавство ни дава идеи како да го подобриме нашето законодавство, за доброто на нашите граѓани“, напиша Ване на социјалните мрежи.

Тоа беше службениот дел, а од приватниот, Ване и Дунавка на своите профили на социјалните мрежи, споделија прекрасни фотографии од Белград.

 

Денес, Ване Цветанов на својот профил на социјалните мрежи, објави интересен статус, во кој бара прошка, што не ја известил јавноста и пријателите, дека на 9. март, се регситрирале со Дунавка.

 

Очигледно, датумот не е случајно одбран, бидејќи според погоре напишаното, се работи за годишнина од нивната врска:

„Почитувани пријатели, во очи на утрешниот голем Христијански празник Прочка,
Ве молам да ми простите што не Ве информирав во вторникот на 09.03.2021, дека со Дунавка Трифуновска, во Црковниот Храм Свети Димитрија СКЛУЧИВМЕ ЦРКОВЕН БРАК!

Целокупниот тек на церемонијалните и црковните активности беше усогласен согласно ковид протоколите. Од 09.03.2021. ВЕ САКАМЕ!“

Галама на младенците им посакува среќен и од Бога Благословен живот!

Претходна статијаПрезентерката Бубе Јаневска, откако ослабе изгледа како девојче
Следна статијаКарлеуша го покажа змијското тело, обожавателите во неверување како изгледа во петтата деценија