Пред три дена беше промовирана Евровизиската песна „Here I stand“ со којашто Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам, доколку Евровизија се одржи.
Песната беше промовирана на МТВ во живо и на официјалниот Јутјуб канал на Евровизија.
Поголемииот дел од луѓето го поддржаа Гавраниев и му ја бендисаа песната. Свој коментар на Фејсбук даде и познатата новинарка Вики Ристоска.
– Гарванлиев е фантастичен вокал. Мора да научиме да разликуваме критика од критизерство. Да, ја пееше „Марионка“, но неговиот раст музички вклучува многу други сериозни проекти за кои е убаво да се информирате.
Сценски фантастично интерпретира многу сериозни улоги, од нив голем дел како солист на главна улога на оперските сцени во Торонто, Едмонд…
Беше еден од најмладите и најбарани баритони во Канада…Соработувал и со музички имиња, кои сте ги виделе и слушале на тв. Ако може да пее во живо, убедена сум дека неговата интерпретација ќе биде перфектна“, напиша таа.
На ова, со свој кментар ѝ реплицираше Владиир Блажев- Панчо од ДНК.
– Чекај, чекај Вики, значи за на Евровизија според тебе треба да знаеш само да пееш? По кој основ треба он да иде два пати по ред? Еве ако гледаме така зошто да не ја испратиме Наде Талевска, бар за неа сме слушнале и сме виделе што може да прави, а има и многу авторски песни позади неа?
Ти мислиш дека само затоа што знае да пее во ред е да не претставува на начин тоест избор кој и не е баш симпатичен на сите нас?
Колку артисти има со стаж кај нас кои заслужуваат да идат по втор пат, а има и некои кои воопшто и не биле. Да не се лажеме и знаеме како е избран и по која конекција.
И не му посакувам јас неуспех напротив, го сфаќам дека си искористил прилика која на ниту еден друг не му е овозможена, а имало многу подобри и поголеми Македонски имиња и дааааааалеку по познати, впрочем не ни можеш да споредиш некого од нив со него реално ако го земеш багажот во предвид.
Јас сум само искрен и јавно говорам за разлика од останатите колеги. Не им е криво ни на нив ама па и сама виде колкав беше одзивот на поддршка од таа страна и јасно ти е што ти говорам.
И на крај не победувам ПЕЈАЧ на евровизија туку КОМПЛЕТНАТА СЛИКА со се песната и многу други ситници. За песната ќе кажам дека супер е за на дизни фестивалче ама па и за вкусови не се дебатира нели.
Имаме ние многу ПОФАНТАСТИЧНИ вокали од него да не се лажеме кои реално и ги познаваме за разлика од баритонот кој заради тоа што бил предобар и пребаран во Торонто решил да се врати во Македонија“, одговори Панчо.
Вики на овој негов коментар имаше уште едно свое видување:
– Да не мешаме баби и жаби, те молам. Јас бев прецизна. Говорев за неговиот вокал, за неговото портфолио кое е неспорно. Неспорно дека на Евровизија победува песна.
Но, начинот на кој дебатираме е лош, затоа што некои дебатираат со навреди. И лани за Тамара беше слично, а и претходно. За жал, лани дури и не се израдуваваме на успехот кој го постигна Тамара.
Секако дека имаме фантастични вокали и дека сите заслужуваат шанса. Тоа не го спориме. Може да ги спротиставиме аргументите, да гледаме што е добро, а што не, но не да надредуваме. Мора да научиме да комуницираме.
Мене ми е драго дека ти имаш став, тоа е сосема исправно. Јас немам проблем со прифаќање на тоа што го споменуваш. Но јас укажувам на друго. Секоја аргументирана критика е добредојдена.
Наде е фантастична, тоа е факт, секако дека заслужува шанса. И уште многу други имиња. Но, и за нив, и за се’ мора да коментираме без навреди.“, му одговори Вики.
Потоа, Панчо ѝ рече:
– За тоа се слагам и јас, навреди не треба да има на било каков основ. За Тамара ќе те демантирам дека доби можеби најголема поддршка и од колеги и од народот но после со ненамерните “киксови” дојде до целата лавина на навреди.
Искрено портфолиото не ми е познато, а и да има мислам дека треба да има ред по некое непишано правило. А за навредите си сто посто права, ни за него ни за никого, тоа е лошо и неловечки. Убава вечер“, одговори Панчо.