Сопругата Љупка ги сподели моментите со Дуле: Некогаш сè, сега спомени

0

Минатата година, на 23 септември, се навршија точно седум години откако овој свет го напушти Душан Љубисављевиќ- Дуле, пејачот на познатото дуо „Дуле и Коки“.

На 23 септември 2013 година, Македонија остана во солзи кога медиумите објавија дека по чина еден од дуото – виолина и гитара.

Неговиот најблизок соработник, виолинистот Никола Јанков- Коки, тогаш со емотивен статус се присети на својот другар и колега со кого помина 20 години во добро и во лошо.

-Се враќам од свирка, од Струмица брат, па ми се сврте у главата, и викам да ти напишам уште едно писмо.. ама ова ќе биде последно, не те замарам повеќе, да не речеш абе Кочо седум години ми досаѓаш, дај олабави.

Брат, не знам дали да се смеам дали да плачам. Знаеш, се ми доаѓа дека од негде ќе се појавиш и тоа најчесто коа свирам ми се случува, абе „фатаморгана“. Можеби па, сеа дури сфаќам дека стварно те нема, а..?

Сите прашуваат за тебе, не те заборавиле да знаеш, особено при крај на свирката.. ја темпирам ‘колку треба да се плати’ ќе стиснам заби, им ја пеам, и они пеат, ама на таа не плачам, тешко ми е да плачам на таа, глеам они плачат…

На овој ден коа ја летна, знаеш на кој му е роденден? На Ице, замисли.. не сум ти кажал тоа. Кај одам јас без гитара, свириме заедно, и Сале е со нас. Ти стално, коа ќе спомнев Господ, се викаше, ај батали тоа. Ама гледаш дека имало Господ, па ти ако не знаеш, кој? И кажи сеа дека ГОРЕ СИ Е ГОРЕ, нели.. добро е таму.

Овде е зезнато малку, мош малку повеќе. Има некој вирус, и ако го закачиш јако, за скоро ум -ираш, ама некој ќе го фатат и ништо не им е.. поима неам… ваљда си чул.

Макфест прв пат оваа година на плоштадот се одржа, на отворено, не у домот на културата, заради тој вирусот, 35год јубилеј.. Таму пак не’ заборавија и двајцата, али нема везе.

Со Марија, сестра ти, ќе се сретнеме понекогаш. Нејзините две и од брат ти три, пет внучиња имаш. Не им ги памтам имињата, едното од брат ти се вика Душан Љубисављевиќ, знам, по тебе.

Да знаеш дека не престанувам со музиката, а ми има дојдено многу пати да баталам, ама има песни бе брат што треба да се пеат и да се свират. Помладите поима немаат кој биле Дуле и Коки ама песните ги знаат, глеаш.

Не знам шо сакав друго да ти кажам.. Знаеш што.. нема да биде ова последно писмо, ќе ти пишам пак, за некое време.. 7, 23.09.2020“, напиша Коки за Дуле.

Дуле некоку месеци пред да си замине од овој свет се оженил со Љупка Наскова од Струмица. Таа е мајка на ќерката Илијана, за која Душан зборувал дека ја сака како да е негова ќерка.

– Многу тешко се справував со загубата. Секој ден ми беше многу тежок и ми поминуваше многу бавно. Пешачев секој ден по 20 километри, плачев по улиците и не знаев од каде да почнам.

Од друга страна, имав обврски спрема петгодишното дете и работа со деца во училиштето,“ ја отвори душата Љупка за Женски Магазин во 2017 година, пет години по загубата на сопругот.

Таа вели дека со Дуле ја врзувале три работи: почитта, љубовта и посветеноста.

„Често знаеме да се потсетиме и да позборуваме со неа на местата каде што сме биле сите заедно, и да споделиме некој спомен од Дуле.

Ми фали љубовта кон Илијана, неговата посветеност и хармонија во домот, заштитничкиот однос спрема нас двете“, се сеќаваше Љупка на својата љубов.

Денес на Фејсбук се појавија коментари на албум со слики од Љупка и од Дуле кои таа го нарекла: Некогаш сè, сега спомени. Во овој албум е прикажана целата нивна љубов, од почетоците до венчавката.

Сликите очигледно им разбудија убави спомени на принајателите на Дуле кои и седум ипол години по неговото заминување, не го заборавиле и со носталгија ги коментираа.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаПеро Антиќ објави слика со Катарина Ивановска, дали ова значи дека не кријат дека се во врска?
Следна статијаСе виткав од болка и со лева рака возев до Градска: Дац сподели спомен на Билјана Беличанец