Драган Б. Костиќ, легендата на радио- новинарството, а и автор на ТВ проектот „Б со точка“ секогаш знае како вистински да се обрати до своите следбеници на Фејсбук.
Драган на почетокот од годинава, на свој начин ја има опишано 2020 година, со своја објава.
-Во годината во која загубив неколкумина драги пријатели, не ми беше до честитање на новата.
Но посакувањето да биде подобра, поздрава, побериќетна, надвладеа. Но и како скорешното враќање на емисиите кои сиот живот сум ги работел. Се уште како далечно светло во долгиот тунел.
Можеби е само илузија за сега, но човек живее од надеж и со надеж. Затоа…“
Костиќ на Фејсбук коментира од време на време и обично музички случувања, како на пример за загубата на Ѓорѓе Балашевиќ, и неговата честитка за Осми март.
-Секоја жена е…жена. Мајка, баба, тетка, вујна, стрина, ќерка, сопруга, свекрва… Секоја на свој начин и одредена возраст е стожерник, столб, центар околу кој нејзиниот круг се врти.
Што од секојдневните обврски, и најчесто сопственото невнимание, забораваме на вкоренетиот генетски код на нивното секојдневно саможртвување за своето опкружување а како чин на оправдување осми март ни доаѓа како Божја дарба. Умните мисли за нив, речиси само тогаш ни паѓаат на ум. Како:
Ако жената ве победува во тенис-променете го спортот .Ако жената ве победува во бокс…Променете ја жената! (мохамед али).
Жената е рај за очите, пекол за душата, чистилиште за џебот! (Саша Гитри). Кога не би постоеле жените,дијамантот би бил обично каменче! (Виктор Иго). Жената е како сенка:ако трчаш по неа, ти бега. Ако трчаш пред неа, трча по тебе. (умна грузијска ).
На сите наши сенки кои како столбови на семејството го држат цврсто пред налетотот на сите ветришта кои самите ги создаваме или им дозволуваме да внесуваат немир во душите, со векови наназад, но сигурно и нанапред , ЧЕСТИТ ДА ВИ Е ПРАЗНИКОТ.“, напиша Костиќ.
Но, ова беше неговиот прв коментар за политичка емисија.
-Гледам САМО ВИСТИНА. Не ме интересира политика. Порадо би гледал турски серии одошто политички емисии со квази аналитичари.
Ама овој Ненад Јовановиќ треба да се врати во племенска заедница и за казна да чита (од кога ќе го научи тоа, кога ќе дојде време ), пред се книги, за кој вели дека се “источни” (историја, книжевност, архитектура, сите книги за машинство, медицина, математика, од какви учеа на своите факлултети многумина мои пријатели…).
Па, можеби ќе сфати некои нешта. Не ме интересира ни СДСМ, ни ВМРО…ме интересира МОЕТО ЗДРАВЈЕ. А чиј лек и кој ќе ми го овозможи, не ми е битно.
Кој и да победува…. А бе одговорни од телевизиите, тргнете некои луѓе од пред очите и ушите на јавноста, за доброто на сите. Не е се, во наводната гледаност“, истакна Костиќ меѓудругото.
Фото: Фејсбук принстксрин, Јутјуб принтскрин