Што прави кога сака да те шутне: Машки тактики – знае што те нервира и намерно го прави тоа

0

Разделбата не е секогаш лесна, дури и ако ја посакувате. Некои мораат да ја одложуваат и со месеци. Па дури и играат психички игри со кои се надеваат дека ВИЕ прва ќе го напуштите.

Ако забележите такво однесување кај вашиот маж, не се плашете да си заминете од него. Ви откриваме 6 машки тактики кога ТОЈ сака да го напуштите.

СО МОЛЧЕЊЕ ВЕ ТЕСТИРА И ПРОВОЦИРА: Молчењето е исто така, облик на емоционално и психолошко мал-тре-тирање.

Можеби сте заборавиле да го купите она што тој го барал од вас и како казна тој престанува да разговара со вас и демонстративно ве игнорира како да не постоите во просторот.

Не ви одговара на прашањата, се преправа како воопшто да не сте тука. Знае дека тоа ве нервира, но тој ужива во тоа и продолжува…

ПОСТОЈАНО ВИ ПРЕПИШУВА ВИНА: Кога мажот сака да ја прекине врската, но се двоуми тоа да го каже, започнува да ве понижува и постојно ве обвинува за сèнешто. Што и да направите, тој сè превртува како да сте направиле сè погрешно.

Тоа ја уништува вашата самодоверба и започнувате да верувате дека не можете повеќе ништо добро да направите, дека не сте доволно добри за него.

ПОЧНУВА ДА ВЕ НАВРЕДУВА: Веројатно досега имал можност да ги дознае вашите слаби точки и она што силно може да ве повреди. А доколку смета дека вашата врска е готова и сака да го напуштите, тогаш може да ја користи оваа тактика.

Ако започне да се расправа со вас почесто од вообичаено, ако „у дира под појас“ и намерно сака да ги пов-реди вашите чувства, тогаш тој дефинитивно ве провоцира.

ОДБЕГНУВА БЛИСКИ ОДНОСИ: Можеби сè уште имате ин-тимни односи, но кога мажот сака дефинитивно да прекине, тој повеќе не ги покажува своите емоции. Тој сè повеќе ќе заспива на каучот и ќе се потргнува на вашиот допир.

ПОСТАВУВА НЕРЕАЛНИ БАРАЊА: Ако не можете да ги исполните, тоа ќе го искористи како причина за да ја прекинете врската и да ве обвини како неспособни или дека недоволно се трудите за онаа работа која тој ја побарал од вас за да ја исполните.

ВЕ ОБВИНУВА ЗА НЕВЕРСТВО: Оваа тактика е многу популарна и доколку одлучил не само да ве остави, туку и да замине во прегратките кај некоја друга. „Напа-дот е најдобрата одбрана.“

Тогаш ќе ги сврти стрелите кон вас и ќе ве обвини за предав-ство, неверство, нереален флерт и слично.

Ако навистина за таквото обвинување нема реална основа, тогаш навистина треба да бидете загрижени и да обратите внимание за тоа што се случува со вашиот партнер.

Фото: Илустрација

Претходна статијаВане Маркоски: Помислете само на порано, како соседите се сакале, почитувале, се собирале пред зграда
Следна статијаКако се „лизнаа“ овој мојов и девојка му: Ги фатив по сликите што ги постнаа на фејс од концерт во Софија, од ист агол беа