Водителката Милена Антовска- Станковска од Канал 5 е омилена кај глеачите и поради својата спонтаност пред Тв камерите.
Ретки се личностите од естрадата кои може да се пофалат со едно вакво поведение. Единствено врвни професионалци во својата работа, можат да кажат дека за нив не се пишувало во негативна конотација.
ТВ водителката Милена Антовска не само со својата позитивна енергија рано наутро пред камерите на утринската програма, туку и со својот изглед успева да ги расони гледачите и да им го привлече вниманието.
За нејзиниот изглед и модните комбинации во кои се појавува се пишува доста, но таа секогаш знае да се појави во некоја интересна и впечатлива комбинација која заслужува внимание.
Таа едноставно ја носи ѕвездата на успешноста во себе. На прсти можат да се избројат кај нас јавните личности од овој калибар.
Милена е доста активнa на социјалните мрежи, како на фејсбук, така и на инстаграм каде што објави фотка и напиша:
-Се обидувам секој слободен момент да го поминам во природа, а во последен период одам на Водно.
Искрено најубаво ми е сама, затоа што тогаш се поврзувам на некој начин со себе, а доле во градот не можам да го постигнам тоа, најчесто заради технологијата која меѓудругото ми треба и за работа…
Пешачејќи имам време да си размислам што сакам, што имам, што ми недостасува, итн… Не брзам никаде, тој час, час и половина е само за мене.
И додека сонцето ме печеше така убаво си размислував што е она што во животот го земам здраво за готово?!
Малку се подисплашив кога сфатив кои работи не сум ги ценела доволно, а на што се’ сум давала непотребно време, внимание и значење. Но, човек учи додека е жив нели“, напиша Милена.
Таа е среќно мажена за Гордан Станковски и е мајка на Лана Марија која има три ипол години. Милена на емотивен начин ѝ го честиташе роденденот на ќерка си минатата година:
– На денешен ден пред три години Пресвета Богородица ми даде сила и после 10 часа на свет ја донесов Лана Марија. Нека ни е за многу години денот!“ – напиша во нејзината објава на Фејсбук, на која го означи и нејзиниот сопруг Гордан Станковски.
Денеска Милена објави фотогртафија со Лана Марија и откри на кои животни лекции ја учи:
– Не само денеска, туку секој ден ја учам дека не е родена само за да чисти и пегла, готви и пере.
Да не биде кукла што ќе трепка и клима со глава, туку јасно и цврсто да ги изразува своите ставови, и да се бори за своите соништа. Може да биде сè што ќе посака“, напиша Милена до сликата со ќерка си.
Фото: Фејсбук принтскрин, Инстаграм принтскрин