Претрпе многу, па се омажи за милионер: На ова „буцка“ ѝ се восихитуваше цела Југа

0

Моника Селеш, некогаш најдобрата тенисерка на светот, воедно и најмлада што го освои славниот Ролан Гарос на 16 години ретко се појавува во јавноста денес.

Затоа, таа ја изненади јавноста кога пред неколку месеци објави своја фотографија на која изгледа сосема различно од она каква што ја паметиме.

Моника објави слика на Твитер на која се гледа дека е доста ослабена.

– Како што многумина од вас знаат, освен што играм тенис јас сакам и да фотографирам, па затоа конечно се решив да отворам свој Инстаграм профил“.

Ова им го откри Селеш на своите фанови на Твитер, каде што е доста активна, и најмногу коментира спортски случувања.

По освојувањето на девет светски тениски турнири, таа се повлече од јавнста и му се посвети на семејниот живот.

Пред две години, Моника Селеш се појави на доделувањето на наградите за најдобар спортист за Монте Карло и го привлече вниманието на гостите и на медиумите во спортско-елегатното издание.

Имиџот на „буцка“, вели таа на времето ѝ го уништил трпението, а сега очигледно тоа е минато.

Некогашната репрезентативка на поранешна Југославија во тенис, денес има 47 години и е во брак со 35 години постариот американски бизнисмен Том Голисан, поранешниот сопственик на хокеј клубот „Бафало сабрес“ и основачот на компанијата „Пејчекс“.

Според „Форбс“, неговото богатство е проценето на 3.4 милијарди американски долари. Во врска се од 2009 година и живеат на Флорида. Голисано беше во брак веќе три пати, а имаше и политички амбиции затоа што се кандидираше за градоначалник на Њујорк.

Селеш во целата кариера освои 53 наслови, девет Гранд слам титули, а 178 недели беше на врвот на АТП листата.

Преживеа тр аума во април во 1993 година, откако обожавател на тенисерката Штефи Граф ја про -боде. Ин ци д-ентот се случи за време на турнир во Хамбург, а тоа го направи 38 годишниот Гинтер Парш.

Моника направи пауза од тенисот две години по немилиот настан, а потоа се врати на теренот. Својот последен професионален меч го изигра во 2003 година, а во спортска пензија замина во 2008 година.

Денес се занимава со пишување книги и вежба јога. Живее со сопругот во Тампа Беј. Во автобиографската книга „Пронаоѓање склад помеѓу телото, умот и самата себе“ раскажа за булимијата и за сите свои проблеми.

Честит меѓународниот ден на жените. Им благодарам на сите неверојатни жени кои ме мотивираат и ме инспирираат“, е најновата објава на Моника на Твитер.

Фото: Твитер принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаДобрила Чабриќ која има 94 години раскажа како што и се случило кај Лесковац, на враќање од Белград
Следна статијаВодителката Милена објави слика со ќерката и откри како ја учи: Не си родена само за да готвиш, переш и климаш со гава