Најстарата учесничка во регионалното шоу „Никогаш не е доцна“, Македонката Добрила Ивановска Чабриќ зад себе има тешко минато. Таа беше вистинско изненадување за гледачите ширум регионот, бидејќи плени со својот ведар дух и позитивизам.
Како отворена и племенита душа, таа воопшто не го крие своето минато и со задоволство открива некои свои анегдоти од животот. Секако, животот не ја „галел“, па има доживувано и убави, но и непријатни нешта. Па така, таа раскажува дека за време на вој на-та, нејзината мајка морала да ја продаде куќата и заедно да си заминат од Македонија.
Уште првото појавување на музичката сцена на „Гранд“, таа ги освои присутните и беше наречна “чудо од баба“. Секогаш со нетрпени се чекаше нејзиниот настап за да го наполни студиото со позитивна енергија. Гледачите на прашањата од медиумите одговараа дека токму оваа „бабичка“ е нивниот фаворит.
На снимањата на „Гранд“ од Дојран до Белград пристигнуваше со нејзиниот автомобил, а неколкупати има изјавено дека среде ноќе оди и во казино за да ги масира жените. Кој би рекол дека на Балканот постои една ваква жена, полна со енергија и позитивизам!
Со нејзината ведрина и волја за живот таа стана фаворит во шоуто, а многумина ја обожаваат и и‘ „завидуваат“ на нејзината енергија. Особено можат да и‘ позавидат помладите, кои не можат да се изначудат од каде точно таа ја црпи својата енергичност…
Добрила Чабриќ ги освои симпатиите на публиката со учеството во шоуто „Никогаш не е доцна“ и со нејзината шармантна насмевка. Секогаш е насмеана и некако таа пријатност заразно ја пренесува на сите присутни, па и тие почнуваат да се насмевнуваат..
Едноставно, не можете а да не ја забележите оваа мила жена. Добрила сега има 94 години и беше гостинка во емисијата „Магаин“ на Сител по повод Осми март. Таа откри дека сè уште вози автомобил и раскажа една многу непријатна случка кога едвај останала жива.
Добрила живее во Дојран и раскажа зошто ѝ е таму поубаво. „Воздухот е почист, секаде можам да стасам, никаде не се брзам“, рече Чабриќ. Таа има 94 години и изгледа одично и витално.
-Самото Дојранско езеро е чудно, има многу јод. Кога ќе дојде лето едвај чекам да му се пружам, оти тоа ме држи како морска вода, ќе си легнам и ме носи. И ќе пливам и ќе се одморам, и ќе медитирам, прекрасна вода“, рече Добрила.
– Најголема поддршка ми даде Општина Дојран и многу му се заблагодарувам на градоначаникот Ангов, затоа што тој многу направи и за Дојран и за мене. Еве, сега треба да ја печатам книгата, тие ми дадоа финансиска помош.
Потоа, имав проблем со очите, имав една непријатна ситуација.., не су -дар, ама момент да не удрам еден возач на пат од Белград за Скопје.
Кога дојде оној момент кога морав до 8 часот навечер да бидам во Скопје зошто се затвораа границите, а јас во 4 часот бев во центарот на Белград, а моите ми јавуваат: „Бе -гај од Србија зашто се затвора границата.“
Јас набивам 130-140, и кај Лесковац, една кола беше пред мене, а беше веќе пред стемнување, и нагло застана, и јас за да не го у-драм, нагло на лево, бам во банкина, одзади ми ја удри колата тој, па на десно, па на лево, и отидов во трева.
Застанав, и почнав да се тре -сам. Значи, толква рефлекс и таа брзина, да не го удрам човекот. Кога гледам иде:
„Абе, сестро, дали си заспала ти?“ Абе, како заспала, ти застана. Абе, на мене ми се дупна гумата- вика тој.
Мене ми заиграа живците. Под ст -рес сум. Сакаш ли нешто, ништо не сакам, бегај да не те гледам. И, си тргнав полека, и оттогаш јас повеќе од 80-90 не возам.
Фото: Јутјуб принтскрин