Турунџиева оди чекор понапред – се бори Атиџе да добие пензија

0

Сузана Турунџиева ѝ ги исполнува сите желби на медената Атиџе Муратова, но таа докажа и дека сака да ги исполни желбите на нејзините ученици од ОУ „Гоце Делчев“ каде што предава музичко.

Имено, на осмооделенката Дени, Сузана ѝ овозможила да запее со својата омилена Атиџе, и многу убаво да ја изненади.

– Атиџе е човек кој премногу ги сака децата. Мојата ученичка Дени е осмооделенка која премногу ја сака Атиџе и музиката.

Денес, одлучив да ја исполнам нејзината желба и да им пружам можност (на дистанца) да се запознаат и заеднички да запеат“, напиша Турунџиева на Фејсбук и објави фотографии од овој убав чин.

Атице изминатиов период живее кај Сузана во Скопје и заедно ги поминуваат деновите. Сузана помогна да се изгради куќата на Атиџе во селото Дорфулија.

– Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза. Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Maria Duda и нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет).

Со една единствена цел – да ѝ овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна.

Хуманите луѓе со големи срца, многу често остануваат анонимни. Затоа морам да напоменам дека сите градежни работи кои за рекордно време се направија во куќата на Атиџе во Дорфулија“, објави Сузе минатата недела.

Новиот план на Сузе е на Атиџе да ѝ обезбеди пензија со која ќе може пристојно да живее, но и да ја вклучи во Синдикатот на Земјоделците.

– На самиот почеток на март, во седиштето на Агро-Синдикат се одржа една пријатна и инспиративна средба на запознавање со две скромни, но исклучително силни жени:

Атиџе Муратова, хероината од документарецот „ Медена Земја“ и индивидуален земјоделец – пчелар и нејзината поддршка, Сузана Турунџиева, професор по соло пеење, писателка, музичар и хуманитарец.

На оваа прва, но сигурно не и последна средба беа разменети многу размислувања, желби и идеи, кои би биле добредојдени за Атиџе, како и за други индивидуални земјоделци во земјава.

Беше разгледана можноста за заштита на трудот на Атиџе од една страна, а од друга, како да се инспирираат и други земјоделци преку примерот на Атиџе со одгледувњето на диви пчели.

Едно од прашањата на средбата беше потребата за совети и насоки за можноста за остварување на правото на земјоделска пензија.

По средбата во синдикатот, со цел да добиеме конкретни и сигурни информации од стручно лице за дефинирање на статусот на Атиџе, се упативме во стручната служба на ПИОМ со која веќе имавме претходна плодна соработка во Проектот Рејз ап (Теренски акции, иновативни пристапи и ангажман на клучните страни за справување со непријавената работа).

Оттука, се потврди потребата Агро-Синдикатот во иднина, во соработка со релевантните институции да дава сервисни информации не само на своето членство, туку и на оваа категорија на земјоделци, со што би се оправдала потребата од нивно синдикално организирање и свесност за бенефитите од него“, објави
тимот на Агро-Синдикат на Фејсбук.

Својата среќа од успешната средба ја сподели и Сузана.

– Човек најчесто страда поради непознавање на своите права. На иницијатива на мојата пријателка Тања Томовска, со Атиџе ги посетивме службите во ПИОМ.

Огромна благодарност до г-ѓа Катерина која ни ги даде сите корисни информации, благодарение на кои приближно знаеме што е најдобра опција за остварување на нејзините права“, рече таа.

Фото: Фејсбук на Сузана Турунџиева

Претходна статијаИна Василевска му порача на Нино Тодоров: Трчај кај Мицкоски и моли за прошка, еве иде Прочка
Следна статијаД-р Лазаров: Возев од Влае до Центар, секој локал полн – добро бе немате ли жал за родители, баби и дедовци?