Ване Маркоски му постави интересно прашање на парот кој се врати од Занзибар

0

Денеска медиумите пишуваат за сопружниците од Битола, кои отишле на одмор во Занзибар, и по враќањето е утврдено дека еден од сопружниците е позитивен на британскиот сој на вирусот.

Парот пред пред неколку дена се вратил од Занзибар, а таму каде престојувале 15 дена.

Откако агенциите почнаа да нудат аранжмани за егзотични дестинации, особено на оние места каде што не е потребен тест, оние кои можат да си ги дозволат, почнаа да уплаќаат.

Агенциите нудат аранжмани од девет ноќевања односно 11 дена по цена од околу 1000 евра.

Се патува авионски преку Истанбул, и за таму не е потребен тест, бидејќи не се напуштал аеродромот додека се чека конекцијата.

Сепак, сопружници од Битола кои се вратиле од Занзибар се позитивни на ковид 19, пишуваат денес медиумите.

Иако се мислеше дека е јужноафрикански, сепак британски сој на корона вирус е утврден кај еден од сопружниците од Битола кои пред неколку дена се вратиле од Занзибар каде престојувале 15 дена.

За другиот пациент ќе се знае утре дали има или не јужноафрикански сој на ковид 19. Мажот е сместен во Специјализираната болница за нефрологија во Струга, а неговата сопруга во ГОБ 8ми септември.

Директорот на струшка нефрологија Александар Попоски информира дека пациентот се наоѓа во стабилна состојба, пишува ТВ 24.

Опасноста дека јужноафриканскиот сој на вирусот е се поблиску до нас доаѓа од податокот дека се повеќе нашинци периодов избираат Егзотично патување во Танзанија на рајскиот Занзибар.

Од туристичките агенции со кои контактирале од ТВ 24, а не сакаат да зборуват пред камера велат дека интересот за патување кон оваа дестинација е огромен.

После Занзибар, најатрактивни дестинации периодов се Малдиви и Арапските Емирати. Но за разлика од Танзанија за овие две дестинации се бараат негативни ПЦР тестови и задолжително носење на маски.

Водителот Ване Маркоски на Фејсбук објавува ретро фотографии од своите патувања. Тој неодамна, своите следбеници ги запраша:

Каде прво ќе отпатувате? Првава фотка е од Дубаи во 2018, а вторава од Анталија во 2019.

Ване инаку рекламира и форма за куфери и често зборува за патувањата, но очигледно е дека водителот внимава и во убавина глетки ужива само на фотографиите.

Маркоски им упати интересно прашање на мажот и на жената кои се вратија од Занзибар, а и на сите оние кои одат на егзотични дестинации.

Тој го поврза со моментот дека се почесто Македонците одат во Врање, на пазарење во Лидл, а ексурзијата ја користат и да одат на ручек во еден од тамошните ресторани.

Во Занзибар има LiDL?, праша Ване на Фејсбук.

Фото: Freepic, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаПоважни ви се бифтеците и лешниците од народот: Познатиот пејач понуди решение за ситуацијата
Следна статијаЈоци: Дозволено им е на наши луѓе да шетаат по занзибари и танзании, а не е дозволено свадби и веселби во Македонија