Сонце наше, душо мила – Росана има причина да биде многу горда

0

Росана Сариќ – Тодоровска, е позната по својата скромност, ненаметливост и едноставност. Долги години наназад работи како комерцијалист и нема настапено на фестивал.

Нејзините хитови кои ги отпеа со својата сестра Маријана дури и пред неколку децении, и ден – денес се актуелни, а на социјалните мрежи неретко обожавателите знаат да и порачаат – Росана, врати се на сцената!

Околу тоа како решила повторно да застане на фестивалската сцена минатата година на „Макфест“ со песната „Спомени“, за ,,Фокус” таа раскажува дека се се случило спонтано, без претходни планови и неочекувано дури и за неа.

На своја иницијатива се повлеков од сцената поради повеќе причини. Долга приказна е тоа… Поради мојата скромност и почит кон истата сцена, јас молчев…

Секојдневно слушав прашања и коментари, зошто ме нема, како недостигам на сцената, сфатив дека луѓето ме сакаат, а поголемо од тоа нема! Но, гледајќи ги нештата последните години, како функционира нашата естрада, едноставно не се пронаоѓав таму.

Росана беше дел од легендарното музичко дуо, сестрите близначки Маријана и Росана. Сестрите се немаат видено од минатото лето.

Маријана долги години живее во Австралија, а Росана во Скопје. Маријана беше последен пат на посета во родниот крај минатото лето.

“Како деца ќе излезевме пред зграда да си играме со нашите другарчиња. Но, таа секогаш ќе излезеше прва, ќе се искараше со некое другарче, ќе го натепаше и ќе избегаше дома.

Во меѓувреме, ќе излезев јас и ни крива ни должна ќе добиев ќотек, зашто децата мислеа дека сум Маријана”, рече Росана во едно интервју.

Маријана стана баба на Велигден оваа година од синот Филип. Снаата на Маријана, Анастасиа, ја роди Ива, а Маријана не пропушта да се пофали со слика од својата мила внука.

И Росана е баба на Ноа, внукот од ќерката Ивана и од зетот Џејмс кој е англичанец. Тој во јули оваа година наполни две години.

Двете баби се горди на внуците и споделуваат спомени, додека не се сретнат пак.

„На баба и на дедо, сонце наше, наша душа мила. Крофна наша“, знае да рече Росана за внукот кој ѝ е голема љубов и гордост.

Според новата слика кја ја објави како насловна на Фејсбук, се гледа дека Ноа пораснал во прекрасно момче.

Фото: Фејсбук принсткринн, Јутјуб принсткрин

Претходна статијаКарлеуша откри што никогаш нема да и заборави на мајка и: Имаше плата две марки и зема кредит за да станам ѕвезда
Следна статијаЗлатко Марин ќе ја прави општина Аеродром туристичка дестинација – ќе гради голф терени