Карлеуша откри што никогаш нема да и заборави на мајка и: Имаше плата две марки и зема кредит за да станам ѕвезда

0

Денес се навршуваат две години од заминувањето на Дивна Карлеуша, познатата радио водителка и новинарка, мајка на пејачката Јелена Карлеуша.

Кога Дивна засекогаш го напушти овој свет, Јелена на емотивен начин се збогува од мајка си:

– Победничке моја, мој голем борецу. Не се грижи ништо, сѐ ќе биде онака како што сакаше. Гордост моја, ти си мојот пример, љубов моја, убава, насмеана.

Спиј мирно, ангеле мој“, напиша Карлеуша за својата мајка која боледуваше од кан-цер.

– Јавноста веројатно знае дека мојата мајка е болна. Но, ние се бориме со сите сили да ѝ биде подобро. Јас сум ѝ една ќерка и мојата мајка е за мене центар на светот“, рече пејачката за својата мајка.

Во едно претходно интервју, Карлеуша раскажа колку мајка ѝ се жртвувала за неа на почетокот од кариерата.

– За време на големата инфлација во Србија, кога вредноста на динарот постојано паѓаше, мојата мајка зема кредит за да ми помогне да го снимам својот прв албум.

Тогаш имав 15 години и бев решена дека сакам да пеам. Нејзината новинарска плата тогаш беше 2 марки, а таа зема кредит за да ми помогне без да помисли како ние тоа подоцна ќе го плаќаме.

Замислете јас бев тинејџерка, живеевме ние двете сами, но мојата мајка знаеше дека ќе станам ѕвезда и дека ќе успеам.

Таа е личност која ми верува слепо. Да не беше мајка ми и нејзината жртва, албумот можеби никогаш немаше да излезе“, изјави Карлеуша за ТВ „Хепи“.

По подов двегодишнината од загубата на мајка си. Карлеуша на Инстаграм објави тажна порака и слика од мајка си:

– Само ги затворам очите и тука си … го слушам твојот глас и сè е во ред. Те сакам, не грижи се …

(Сликата е направена во болницата на Воената медицинска академија, ја фотографирав убава и насмеана додека одевме на хемот-ерапија.

Таа прими безброј од нив, секогаш насмеана и никој не можеше да види колку ѝ е тешко…

Да не видам јас … Кој ја знаеше Дивна знае дека таквата жена не може да се опише со зборови … И ја ставив оваа слика само за луѓето да видат колку е убава …

Мојата љубов, мојот борец, моето засолниште од зло то , мојот мир … Секој мој успех беше заради неа, да бидам горад … и секој ќе бидае за неа) – напишала пејачката.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаГурман сум, но не се дебелам: Пејачката со најдолгите нозе на естрадата откри лична тајна
Следна статијаСонце наше, душо мила – Росана има причина да биде многу горда