Антониа Гиговска е една од нашите најпопуларни и најдобри пејачки, но и инфлуенсерки. На Инстаграм има речиси 88 илјади следбеници, и често рекламира различни производи.
Антониа својата кариера ја градеше полека но сигурно. Почна со фестивали надвор од Македонија на кои добиваше бројни награди.
Потоа стана популарна со учеството на „Пинк ѕвездички“, па на домашните фестивали и на крајот сними повеќе свои песни.
Антониа пееше и во мјузиклот „Тајно моја“, посветен на Тоше Проески. Таа ја играше главната женска улога. За своето учество во „Пинк ѕвездички“, Антиниа еднаш изјави:
„Па искрено јас не се замарам многу со тие работи, заради тоа што мислам дека кој и да победи, прегледите и она што го знае публиката, како и она што се зборува по завршувањето на ова шоу е многу поважно од победата.
Не секогаш победува оној кој публиката сака да победи или кој што навистина заслужува да победи“, рече пејачката во „Хаштаг“.
„Покрај моите родители, најголема поддршка имав од Иван, поради тоа што тој е во таа фела. Тој е музичар, тој знае најдобро да ми каже, во финалето негов предлог беше да ги пеам ‘Proud’ и ‘I’ll never love again’, со тоа што за ‘I’ll never love again“.
Премногу ми помогна за тоа како да ја изведам.“, рече Антониа за својот дечко. Антониа на социјалните мрежи, а и во медиумите отворено зборува за Иван Јованов кој е исто така музичар, пејачот на „Либеро бенд“.
Во една прилика, Гиговска и Иван имаат изјавено дека поради разликата во годините (Иван е 10 години постар) на почетокот од врската имале проблеми, но тие се сега надминати.
Пред неколку месеци, Антониа му приреди романтично изненадување на Иван, таа му подари влезници за фудбалски натпревар на неговиот омилен клуб, „Рома“.
Антониа изненадувањето го направи на скопскиот аеродром, само неколку минути пред да отпатуваат за Италија.
Но, пред да се вљуби во Анатониа, Иван беше во долга врска со уште една девојка позната на јавноста. Таа е водителка, и на прв поглед е слична со Антониа, но само во бојата на косата.
Станува збор за водителката Јана Серафимова, која претходно беше дел од тимот на ТВ 24, а сега е водителка на емисијата „Магазин“ на Сител. Јана е една од најзгодните водителки кај нас.
Се зборува дека Иван и Јана ја прекинале врската поради Антониа, но водителката никогаш не го потврди тоа во јавноста.
Јана секогаш внимава на својот имиџ, и очигледно има со што да се пофали.
Во едно интервју кај Никола во „Жешко столче“, Иван зборуваше за својата работа, но и за свјот приватен живот.
Пејачот откри дека сега откако нема свадби поради пандемијата, тој и неговите колеги од бендот се снашле секој на свој начин.
– Јас работам во фирмата каде што работи и татко и и драго ми е што можам да помогнам“, откри Иван, и рече дека едвај чека да им се врати на свирките.
Потоа, тој го одговори прашањето на водителот: Дали го привлекуваат познати жени?
– Сите девојки од минатото, не ми биле познати, како што е Антониа сега, како што сум нашол нешто што сум барал цел живот.
Антониа е посебна, пред тоа јас бев со минатата девојка уште пред да биде таа водителка.
Тоа не ми влијае толку да е позната жена“, рече Иван и додаде дека Антониа со неговите обожавателки се справува најдобро на свет.
-Подобар пејач од неа нема, и јас и ден-денес кога пеат пред неа имам трема“, рече Иван.
Фото: Инстаграм и Јутјуб принстксрин