Емилија Розман: Те сакам јас, те мразам јас, оди си

0

Емилија Розман е поранешна Мис на Македонија, диполомиран дефектолог и голем хуманитарец. Таа е една од најпопуларните лица на социјалните мрежи кај нас.

Минатото лето беше хит на социјалните мрежи, откако најави дека ќе заплива во брачните води и објави слики од романтичната веридба со Стефан Ангелковски.

До сликата, Емилија напиша: До месечината и назад! ДА! ДА! ДА!“. Стефан ја запроси Емилија на интересно место, додека уживаа во прекрасниот поглед на езерото Козјак.

Емилија и Стефан се знаеа само два дена пред да се свршат. Мисицата тогаш изјави дека тоа не е пречка, и дека и било доволно да сфати дека Стефан е човекот за неа.

За ММС.мк Розман која е инаку по професија дефектолог и активен волонтер во Црвениот крст ја раскажа љубовната приказна со Стефан:

„Во врска бевме само 24 часа откако Стефан ме побара за жена. Сè се случи со молскавична брзина. Во вторникот со мој другар седев кај него во гостилница, имав пауза од работа.

Со другар ми отидовме да јадеме, кога таму влезе Стефан и дојде кај нас на маса да се поздрави, бидејки се познаваа со другар ми.

Кога ја пружи раката да се поздрави со мене ја симна маската и кога му ја видов насмевката веднаш паднав. Се договоривме да одиме утредента, во средата во Охрид.

На пат за Охрид, како што се возевме, ми рече: „Сакаш ли да одиме во матично?“ Јас реков – зошто да не. Ама ова беше заљубување до даска, 200 посто и тој и јас. Во Охрид сакавме да направиме матично, покрај езеро. Но, не нѝ успеа бидејки Стефан немаше извод.

Кога се вративме во Скопје предложи да одиме на Козјак. По пат почна да се шегува со мене, дека наводно се предомислил. Кога стасавме таму, додека да се свртам тој веќе беше клекнат на колена со прстен во раце. Секако реков – да“, изјавила Розман.

Но, бракот на манекенката и на угостителот кратко траеше, само неколку недели. Како што објави дека ќе се мажи, така објави и дека ќе се разведе.

Изгледа дека оваа вест за многумина беше поневеројатна од онаа дека се венчаа познавајќи се само два дена.

Медиумите постојано пишуваа за разводот на Емилија, а таа им одговори со објавата на Инстаграм: „Тешко ми е“, зборови кои ги напиша до провокатовна фотографија.

Потоа, Емилија повторно објавуваше среќни слики. Таква една објави минатата година, како држи букет цвеќе и на неа напиша среќа. Не се пофали од кого ѝ е цвеќето и кој ја прави толку среќна.

Емилија минатиот месец објави пост врзан со мажачка. Изгледа дека манекенката навистина знае да се шегува на своја сметка и со тоа знае да ги насмее и да ги рзвесели своите фанови и пријатели.

– Месец дена од 2021-ва, а сè уште се немам омажено“, напиша таа и веднаш собра многу лајкови и коментари.

Еден од пријателите ѝ рече: Јас сум тука за тебе, друг пак коментираше: Животот е пред тебе, а трет: Нема жити мајка, ќе усреќиш некој“, пишуваше до објавата.

Емилија вчера објави уште еддо шеговито видео на кое луто ги пее стиховите од Каролина Гочева од песната „Први март“: Први март, со неа ти, чуден бол во мојте гради.

Ти, после се, така да ми вратиш. Први март со неа ти, останав сама без здив, те сакам јас, те мразам јас, оди си“, велат стиховите на оваа песна. Во видото на Инстаграм, Розман пее во автомобил, со балони околу неа и напишала: Среќен Каролина Гочева ден.

Дали позната манекенка му ја пее некому оваа песна вака луто?

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаСузана Турунџиева: И уште сто пати да се родам, повторно ќе сакам тебе да те имам
Следна статијаИван од Либеро бенд прозборе за Антониа и за поранешната девојка Јана и откри какви жени сака