Миро Кацаров е заштитно лице на „Бекстејџ“, и зад него се многу интервјуа, прилози, концерти кај нас и во странство.
Кацаров минатата година ги изненади своите пријатели откако објави статус дека е во изолација:
Другари и другарки, минатата недела моето последно интервју во Бекстејџ беше со градоначалникот г-дин Петре Шилегов.
Откако јавно соопшти во саботата градоначалникот дека е позитивен на вирусот Ковид-19, самоволно и самоиницијативно се повлеков во самоизолација која е една од најдобрите мерки за заштита на популацијата од дополнителни ширење на корона вирусот.
Со тоа ги заштитив првенствено моите родители, роднини, другари и пријатели и сите кои можеа наредните денови да бидат во мое друштво и присуство.
Уште истиот ден се консултирав со мојот пријател и еден од најдобрите доктори, професорот Никола Пановски кој ми даде одлични совети како да постапам и кога да се тестирам.
Анализата за мене покажа дека осмиот ден од контактот со градоначалникот би бил најпогоден за тест и да биде релевантен истиот, па тоа и го напраив, бев и се тестирав, притоа без никакви симтоми.
Вчеравечер ми стигнаа резултатите кои и јавно ќе ги соопштам дека сум НЕГАТИВЕН на вирусот Ковид-19.
Се извинувам на сите кои беа во мое опкружување до пред информацијата да ја објави јавно градоначанилникот и беа малку уплашени, но ете вирусот за среќа не е пренесен на никој.
Со ова уште еднаш се докажува дека ова з ло е меѓу нас и се повеќе ќе имаме контакт со луѓе кои го имаат или го прележале.
На никој не му посакувам дома да седи и да чека резултати дали има коронавирус или не, чуството е гро зно, мозокот ти мисли на све и свашта, на тв и на фб само за тоа се збори а ти си немоќен во затворен простор.
Или по сликовито, ливче спортска чекаш па се нервираш,се јадеш од внатре а замисли ова е тест дали си болен или не од Корона. П.с Градоначник Петре Шилегов ви посакувам брзо оздравување, знам дека сте топ и ми е мило, и што поскоро да се вратите на работа, ве чека Скопје“, објави тогаш Миро.
Денеска, Кацаров објави интересна вест која ги изненади неговите пријатели и фанови. Имено, тој веќе нема да биде дел од „Бекстејџ“, а во статсуот напиша детали за неговиот трансфер.
– Поминаа повеќе од 7 години взаемна соработка почит и разбирање. Преку стотици итервјуа со најголемите имиња од регионот, илјадници минути го водев најгледаниот естраден магазин, мењав партнерки, мењав телевизиски куќи, мењав студиа. Три Златни бубамари уше толку пати бренд на годината.
Но, дојде време за промена, а кога срцето и разумот заедно ти го кажуваат тоа ондак ти си на вистинскиот пат, па затоа преземав чекор каде ќе ни се разделат патиштата.
Backstage Macedonia ти благодарам за се што направи за мене и што ме трпеше сите овие години, се надевам дека довербата што ми ја дадовте ја оправдав и остаив траен белег. Мојот аганжман е до 15 март со вас на Телма.
Од Април моја нова телевизиска куќа ќе биде најгледаната во Македонија или Канал 5 Телевизија. Драги пријатели сакам да ве известам дека се гледаме со нова емисија во ново студио со нова екипа и во нов термин.
До тогаш сакам да бидам искрен со вас и сум убеден дека го направив вистинскиот чекор кој ќе ми донесе нов предизвик, нова димензија, нови моменти и нов почеток во животот“, објави водителот.
Фото: Фејсбук принстскрин, Јутјуб принсткрин