Најмалиот син на Лепа Брена и на Боба Живојиновиќ , реши да се ожени, но поради вирусот ќе мора да почека да помине пандемијата. Виктор ќе ѝ го каже судбоносно „да“ на девојката Сандра Милјаковиќ.
И двајцата не сакаат интимна венчавка, туку свечена, слична на онаа што ја направија Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ.
Иако планираа да станат сопружници оваа пролет, сепак ќе мора да почекаат до мај 2022 година, кога планираат забава.
Инаку новата снаа неодамна се пресели кај фолк sвездата Лепа Брена некаде во ноември минатата година.
Двајцата решиле да живеат во еден дел од куќата, која се реновира и опремеува. Како што дознаваат српските медиуму, новата снашка на Брена е од Брус, а студира српски јазик и литература во Белград и работи како шминкерка. Сега, таа ја шминка нејзината идна свекрва за сите нејзини јавни настапи!
„Виктор и Сандра се неразделни уште од првиот ден и тие навистина се сакаат. Тој дури и одлучи драстично да ослабе заради неа.
Брена и Боба се согласуваат со нивната одлука за венчавка, бидејќи тие исто така имаат многу гости кои сакаат да бидат домаќини на нив и веруваат дека дотогаш ќе заврши ситуацијата со вирусот.
– Планираме гала-прослава со 500 гости. Ние сме многу Живојиновиќи, па мора да најдеме голем простор на отворено. Ние нема да правиме свадба сè додека не се смири состојбата со вирусот.
На Сандра, а ниту на мене не ни пречи да чекаме, се однесуваме како да сме веќе во брак – изјави Виктор за медиумите. Тој објасни и како снаата била прифатена од семејството Живојиновиќ.
– Сандра е голема поддршка во сè. Семејството е воодушевено од мојот избор и има само пофални зборови за тоа.
Убаво е кога наоѓате личност која ви одговара во сè – истакна тој, кој, како и неговата девојка, редовно да објавува на Инстаграм свои заеднички фотографии и видеа на кои се гледа како уживаат во нивната љубов.
Колку Брена ја почитува својата нова снаа, се виде и на нивната куќа слава Аранѓеловден.
Познато е дека секоја година тие се подготвуваат за овој денот и тоа на традиционалн начин со подготовка на сарми, во домот на Бежанијска коса.
Брена сега на својот Инстаграм се пофали со фотографија на која синот Виктор Живојиновиќ и неговата девојка Сандра Миjаковиќ виткаат сарма
„Зелката се купува, но искуството со правење сарми не“, рече Брена.
Наводно, Брена и Боба решиле да потрошат доста пари за венчавката на нивниот најмал син. Ниту еден детал нема да биде оставен на случајноста.
Свекрвата сака и овојпат ова да биде гламурозна венчавка, како што беше случајот кога нејзиниот посинок Филип се ожени со Александра.
Деталите се скоро договорени, бидејќи сè беше планирано за мај годинава, но реализацијата е одложена и ќе започне веднаш штом луѓето ќе се вратат во нормален живот.
Да потсетиме, втората снаа на Живојиновиќ е од селото Будиловина близу Брус, а студира на Филолошкиот факултет во Белград и се занимава со шминкање.
Работата и ја нашла и нејзината идна свекрва, која е презадоволна од тоа како Сандра се грижи за нејзиниот изглед.
Фото: Инстаграм принтскрин. Јутјуб принстксрин