Нема смисла само јас да се сончам: Марија Шерифовиќ објави фотки од плажа од Калифорнија

0

Овожавателите на пејачката Марија Шерифовиќ едвај ги чекаат нејзините нови видеа на Јутјуб, откако пејачката последниве месеци стана јутјуберка.

Неодамна, таа реши да одговори на прашањата на обожавателите во новото видео на нејзиниот ЈуТјуб канал каде што е мошне активна периодот поради тоа што нема настапи.

Имено, таа даваше одговори на разни теми и откри непознати детали од нејзиниот приватен живот. На почетокот рече дека се чувствува добро, дека е жива и здрава, а потоа истакна дека и е малку досадно.

-Поминаа сите можни прослави, слави, дочеци. Се здебелев максимално. Сега сето ова треба полесно да се истрпи – рече Марија Шерифовиќ на нејзиниот препознатлив начин.

На која возраст го имаше првиот бакнеж? – Не можам да се сетам, но мислам дека тоа беше во основно училиште на возраст од 13, 14 години. Дали мислите за себе дека сте фер и добра личност?

-Кога правев психоанализа, ми рекоа дека немам апсолутно никаква средина, што значи дека сум прекрасна, фер и добра личност или сум ѓу бре невидено. Како се справувате со негативните коментари и предрасуди?

-Ова е сериозно прашање и тешка тема. Не знам од каде да започнам. Јас сум навикната да ме сакаат или не ме сакаат и до некаде тоа е во ред. Би било без врска ако сите ме сакаат. Едноставно, сфатив дека ова е само мојот живот.

Бидејќи, најголемиот проблем кај луѓето кои се занимаваат со јавна работа е што во моментот кога ќе почнете да водите премногу грижа и да исправате работи за кои луѓето масовно или помалку масовно ви замеруваат, и првично гледате дека тоа не е некој добронамерен совет, тоа е крајот за вас.

Бидејќи влегувате во круг кој е потполно л уд, го губите идентитетот, престанувате да бидете тоа што сте, скршнувате од патот. Сакам да слушам коментар, но да ми кажете искрено:

„Марија, мислам дека оваа песна не ти одговара“ или „Мислам дека овде се однесуваше без врска“.

Потоа, Марија одговорила на прашањето: Како се гледа за 10 години.

– Бидејќи сега имам 36 години, тогаш ќе имам 46. За почеток, се надевам дека тогаш нема да бидам јутјубер. Тоа е број еден, а исто така и дека вирусот ќе се реши дотогаш. Што знам друго.

Концерти, работа, ред, дисциплина и можеби некое детско смеење или плачење во гостинската соба.

Сигурна сум дека мојата свадба ќе биде на крајот традиционална или ќе биде на плажа и коктел. И така на тој начин јас би си потпишала пресуда за себе“, одговори Шерифовиќ.

Пред некој ден, таа отпатува во Америка, поточно во Малибу, во Калифорнија. Кога отпатува, таа на Инстаграм напиша: Ќе се видиме кога ќе затопли. Бидете подготвени за луд ило клипови.

„Животот е подобар на плажа“, објави Марија покрај сликата од плажа во Малибу на која се гледа колку ужива.

На нејзината најнова слика, на која е со мало дете на плажа, Марија напиша:

Навистина нема смисла само јас да се сончам и да се капам.

Јас кафенце, Миња супа со кнедли и Господ да не види“, рече Шерифовиќ.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаЉубчо Георгиевски со најнов предлог како да се решат сите спорови со Бугарија
Следна статијаТаа стана рано, за да ме испрати: Калиопи се сликаше со позната српска фолк пејачка