Талат од Преспав се качи на трактор, ќе менува професија (ФОТО)

0

Комичната серија „Преспав“ ги освои сите генерации, најмногу поради доживувањата кои на сите можат да им се случат.

Веќе пет сезони, народот се забавува со доживувањата на Ула, Коста, Тони, Миле, Јелена, Марио, Наим, Исаура, Дончо, Натали, Мич и секако Талат..

Тетовчанецот, поточно Талат од Џепчиште е ликот од рецепција кој е познат по репликата: Ја не знаем, не сум одавде. Талат го глуми Дритон Вејсели, актер од Скопје.

Желбата да ги забавувам луѓето отсекогаш постоела во мене, но не можам да речам дека отсекогаш знаев дека ќе се занимавам со актерство или дека тоа сакам да бидам.

Завршив средно уметничко, а по сугестија на околината почнав да размислувам за актерството..

Не беа само другарите или пријателите што ми кажуваат дека сум талентиран, туку и професорките инсистираа да се обидам со оваа уметност“, изјави Дритон во едно интервју за fashionel.mk.

Роден е во Тетово, како што ќе каже, по сплет на околности, а детството го поминува во Скопје, каде и денес живее.

– Роден сум во Тетово, по некоја случајност. Моите се селат во тој град во 1991 година, кога и јас сум се родил, па во 1993 година се враќаат во Скопје. Инаку, детството го поминав тука.

Многумина мислат дека сум од Тетово, дека секој ден патувам и постојано ме прашуваат за тоа.

Веројатно и поврзаноста со Талат придонесе за тоа. Но, моето детство и првите спомени за многу нешта ме врзуваат токму за Скопје“, изјви Дритон во истото интервју.

За него пошироката јавноста знае дека се занимава и со угостителство. Неговото семејство со години ја води познатата скопска слаткарница „Малага“. За ликот на Талат, Дритон во Женски магазин изјави:

– Не беше тешко да се создаде еден таков лик, затоа што тој е многу реален. Талат постои и е одлика на една генерација и една категорија.

Али добар е, и не мисли лошо никому, хахаха.

Преку ликот Талат во серијата се внесува рамнотежа во етничките односи во општеството, а на тој начин се кршат стереотипите што ги имаме едни за други“, изјави Дритон.

Популарниот Талат објави необично стори на Инстаграм во кое се гледа дека тој е мултиталент.

Освен што е угостител и глумец, тој знае да се занимава и со земјоделски работи.

Дритон објави слика качен на трактор, па можеби и менува професија. Талент си е талент.

Претходна статијаЌерката на Џеј проговори што се случува откако го нема татко и
Следна статијаСин ми живее во Германија, а ќерката во Прилеп – се мислам да му ја препишам куќата на непознат човек што ќе сака да ме догледа