Софија Стојкоска од Сопје е мајка на четири деца, и посветена на својата работа, медицински лабораториски техничар кој веќе 10 години е дел од ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ во Скопје.
Порталот zanas.mk ја пренесе приказната на оваа харбра жена која зборува за предизвиците со кои се соочува во нејзината работа и за тоа како се труди да остане здрава поради своите деца и своето семејство, а сепак професиоанлно да одговори на многуте обврски..
Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“ поразговара со Софија Стојкоска, која е директно вклучена во дијагностицирањето и лекувањето на заболените од вирусот.
Таа е и сопруга, мајка на 4 деца, но и пожртвувана медицинска сестра – лаборант за која и колегите и пациентите ќе ви кажат дека е најголемиот професионалец и хуманист кој несебично се дава за доброто на сите, пишува во текстот.
– Често пати помислувам дека сериозноста на состојбата не е разбрана од поширокиот дел на популацијата. Тешката кличка и психичка слика на пациентите со која секојдневно се среќавам, не може да се рече дека е лесно да се гледа секојдневно.
Но, се обидувам иако постојано мислам на тоа, да поминатото време дома го исполнам со други активности. Убаво е што имам разбирање од членовите на семејството кои се свесни како сето би влијаело на мене, па дома се обидуваме воопшто и да не разговараме за тоа.“, изјави Софија.
Таа раскажа оти често пати помислува дека сериозноста на состојбата не е разбрана од поширокиот дел на популацијата. „Тешката кличка и психичка слика на пациентите со која секојдневно се среќавам, не може да се рече дека е лесно да се гледа секојдневно.
Но, се обидувам иако постојано мислам на тоа, да поминатото време дома го исполнам со други активности. Убаво е што имам разбирање од членовите на семејството кои се свесни како сето би влијаело на мене, па дома се обидуваме воопшто и да не разговараме за тоа.“
Стојковска за крај на разговорот упати порака до сите свои колеги и на целата јавност: „На колегите би им порачала се уште под маските да ја зачуваат својата насмевка, која за сега ја гледаме само во очите, но се надевам дека и покрај се ќе останеме ведри и насмеани како што бевме пред пандемијата.
На пошироката јавност ќе порачам, да ги почитуваат мерките за лична заштита, да внимаваат на своето и на здравјето на своите блиски.
Оваа пандемија се надевам дека ќе ни биде школо на сите да научиме да го почитуваме, сакаме и цениме животот, бидејки тој нема цена.“ Целиот разговор можете да го прочитате ТУКА.
Фото: Фејсбук профил на Софија Стојкоска, Youtube принтскрин