Снеже Велков одржа лекција за учтивост и за човечност

0

Последниот актуелен ТВ проект на Снеже Велков беше хумана мисија. Во емисијата, ВИП на еден ден, таа им помагаше на лица кои не можат да си дозволат основни работи како лекарски преглед на пример, стоматолошка интервенција…

Таа на многу жени им помогна да се чувствуваат ВИП барем на еден ден, овозможувајќи им ВИП третман во салон за убавина, шопинг, но и грижа за нивното здравје кое не можеле да си го дозволат. Снеже а активна спортискта и мајка на два сина.

Таа редовно на Инстаграм ги постира нејзините спортски активности, пилетес вежби, но и слики како вози велосипед. Исто така, таа пишува и мотивирачки статуси како на пример најновиот кој може сите да не натера да се замислиме.

Кога најблиските „се подразбираат“. Па се подразбира дека сум благодарен на се што направија моите за мене. А им кажа ли? Па се подразбира дека да не беше тој јас немаше да стигам таму кај што сум. А му кажа ли?

Па се подразбора дека го ценам неговото време кое ми го посветува додека дрдорам иако знам дека  е изморен. А му кажа ли?

Па се подразбира дека ми е драго што дома се е под конец иако сум отсутен до подоцна. А и кажа ли?

Па се подразбира дека ми е драго што поминува повеќе време со децата додека јас сум на работа. А и кажа ли?

Па се подразбира дека ми е драго што татко ми има трпение со син ми. А му кажа ли?
Па се подразбира дека ептен ми е ќеиф дека мајка ми ми го готви омиленото јадење. А и кажа ли?

Па се подразбира дека ми е мило кога свекрва ми и чита приказни на ќерка ми. А и кажа ли? Па се подразбира дека сум му благодарен на татко ми што чекаше во кола додека завршував сто работи низ град . А му кажа ли?

Па се подразибра дека сум и благодарана на сестра ми зошто го средила станот дур спиеле децата. А и кажа ли? Па се подразбира дека сум и благодарна на мајка ми што ме слуша и теши по еден час на телефон. А и кажа ли?

Па се разбира дека ми е ептен убаво зашто братучед ми ме смее и радува секогаш кога ќе сретнеме.А му кажа ли? Па се подразбира дека ми е убаво на душата кога слушам за успесите на братучетка ми. А и кажа ли?

Се подразбира дека сакам да има успешен ден кога наутро излегува.. А и кажа ли?
Па се подразбира дека и мислам добро утро сабајле кога ќе стане. А и кажа ли?

Па се разбира дека ја има мојата поддршка и дека нема да го оставам на цедило.А му кажа ли? Па се подразбира дека сум тука ако загусти.А му кажа ли? Па се подразбира дека го сакам! А му кажа ли?

Благодарам не е само учтиво обраќање. Фала ти не е само за колегата. Добро утро не само за соседите. Имај убав ден не е само за пријателите.

И благодарам и фала, и тука сум за тебе и имај убав ден е и за сопругата и за возрасните ни родители,да,и за брат ти. Аха, добро утро е и за сопругот и убаво ми е што те имам е и за тетка ти или вујко ти.

Кажувајте! Потсетувајте!Спомнувајте! Повторувајте!Оти е убаво да се чуе. Оти се заборава. И не,не се подразбира.

Фото: Инстаграм принстскрин

Претходна статијаСе разочарав, па ми дојдоа солзи од радост: Емотивен гест ја трогна познатата новинарка и писателка
Следна статијаМајка на четири деца и медицински лаборант: Софија од Скопје искрено прозборе за предизвиците во нејзината работа