Се разочарав, па ми дојдоа солзи од радост: Емотивен гест ја трогна познатата новинарка и писателка

0

Ана Јовковска е колумнистка, ТВ-водителка, специјалист за односи со јавност и промоција, тренер за личен и професионален развој, активистка и хуманистка…

Таа е храбра жена и грижлива мајка, активистка и амбасадор на добра волја на кампањи за човекови права, здрава животна средина, социјална инклузија, родова еднаквост, права на животни… Ана има издадено три свои авторски книги.

Првото нејзино дело е „Пулсот и времето“ , по него е „Ехо на слободата“ а третата е „Сакам, значи постојам“. Нејзините објави на Фејсбук, секогаш имаат многу допаѓања и коментари, а таков е и последниот, емотивен и многу искрен.

„Среќни и привилигирани сме сите кои имаме вистински блиски луѓе околу нас. Луѓето кои те сакаат никогаш нема да те остават “на цедило”. Тие се ветер во крилјата кога ти треба полет.

Тие се прегратка кога ти треба нежност. Тие се и подадена рака кога проблемите се нижат на ѓерданот на болката. Не ти го вртат грбот кога лицето ти е уплакано..

Не им тежиш кога тагата ти тежи. Не бегаат од тебе кога срцето ќе им го отвориш. Не се кријат во глувчешка дупка кога ти треба помош. Тие знаат да дадат и без да бараш. Не се глуви кога ги молиш.

Таквите луѓе имаат топли очи и емпатични срца. Таквите луѓе те учат да се бориш, низ примери и дела ти покажуваат што значи да истраеш.

Таквите луѓе се создадени од материјалот на љубовта. И ја крпат секоја нова дупка одново и одново, се додека твојот фустан не стане прекрасна творба на животот со сите несовршености и искуства.

Таквите луѓе расчистиле со суетата и себичноста кога ја избрусиле рожбата на зрелоста. Не ги пакуваат куферите кога станува тешко. Тие не се бегалци од животот.

Тие се тркачи на маратонот на добрината. Таквите луѓе имаат нешто што е повеќе од име, од термин. Тие се РОДИТЕЛИ! Не по вокација, ами по вистина. Тие се љубовта што те научила да љубиш.

Тиe се генот што клокоти во твојата утроба кога создаваш нов живот. Тие се ликот во огледалото кога ќе остареш. Тие се ѕвездите на небото што ти даваат надеж дека овој живот е убав, сега и тука!“, напиша Јовковска неодамна на Фејсбук.

Министерството за култура, пред три дена на својата веб страница ги објави резултати од Годишнитe конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година. Меѓу добирниците на сибвенции не е и Ана Јовковска која аплицирала со свој проект за деца. По тој повод, ата на Фејсбук напиша:

– Се разочарав кога издавачите од Едиција Светулка ми јавија дека мојата книгичка за деца со која аплицираа на конкурсот на Министерство за култура НЕ е одобрена. Сепак, книгата ќе ја издадеме и без тие средства.

После само половина час ми стигна прекрасно изненадување кое ме потсети дека не треба долго да се заглавуваме во состојба на очај и дека животот секогаш наоѓа начин.

Добив подарок – рачно сплетена алка, изработена од девојка со Даунов синдром. На картичката пишува „Незапирлива“. Ми дојдоа солзи од радост. Овој мал гест, изработен со голема љубов стигна од социјалното претпријатие „Еснаф“. Тоа е продавничка за рачни изработки на производи од лица од ранливи категории.

На картичката пишува: „Драга Ана, заедно со занаетчиките, би сакале да ви одадеме признание за вашата работа и тоа што го правите за сите нас жените.

Оваа алка е дел од иницијативата ,,Незапирлива” со која наскоро започнуваат да раскажуваат за жените кои се наоѓаат во различни борби и состојби, но тоа не ги запира да продолжат!

Да ги поддржиме жените со попречености и ранливи категории и да ја подигнеме свеста за купување на рачни изработки од локални занаетчии! Фала ви прекрасни! Со мерак ќе си ја носам“, раскажа Ана за овој хуман гест кој ја трогнал и неа и нејзините пријатели.

Фото: Ана Јовковска-Фејсбук, Јутјуб принсткрин

Претходна статијаОваа не е утеха за стареењето: Роденденска порака на водителката Јована од „Сител“
Следна статијаСнеже Велков одржа лекција за учтивост и за човечност