Пејачката Тања Савиќ (35) со месеци минува низ постојана бо рба за повторно да ги види и прегрне своите синови, кои нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ ги однесе во Австралија без нејзино знаење пред девет месеци.
Во периодот наназад, сопругот на Савиќ, Душан, многу малку ги коментираше заедничките брачни проблеми.
-Треба ли да објаснам дека ги однесов децата во Австралија за да ги спасам од коро ната? А, факт е дека мојата сопруга не сакаше да дојде со нас, а можеше – рече Душан.
Тања ги ангажираше најдобрите адвокати од Србија, но и од Австралија, каде поднесе туж ба против Душан, објави српска „Република“ минатата година..
Целата постапка и процес ќе ја чини Тања многу нерви, но и пари, кои ги нема во моментот, бидејќи нејзиниот сопруг, покрај децата, целата заштеда ја однел во Австралија, па семејството на пејачката многу ѝ помага..
Токму од таа причина, семејството на Тања наводно продало парче земја и и ги дало тие пари за да може да плаќа за адвокатите во Србија, како и во Австралија.
– Семејството повеќе не можеше да гледа како Тања страда и плаче секој ден! Тие одлучија да ѝ помогнат да продаде сè што поседуваат за да може да ги плаќа адвокатите и да ги врати децата дома – откри извор близок до семејството Савиќ и додаде:
– Имаа парче земја во Радинац и го ставија во оглас, наскоро се јави купувач и го продадоа земјиштето за 10.000 евра за Тања да ги покрие основните трошоци.
Судскиот процес веќе започна, кога по серијата барања што ги упати преку телефон, Тања ќе се сретне лице в лице со нејзиниот сè уште законски сопруг Душан Јовановиќ.
Мајката, која се бори за своите деца како лав, никогаш не престана да верува. И неодамна, за српските медиуми изјави дека чувствува дека правдата ќе победи и дека Максим и Ѓорѓе наскоро ќе бидат во нејзините прегратки.
Пејачката Тања Савиќ помина низ многу работи, и сè уште минува низ нив, особено кога станува збор за борбата за старателство над нејзините деца.
Многумина ја поддржуваа низ годините за разни работи, но една личност која отсекогаш била со неа, а тоа е нејзината мајка.
Звездата на Гранд објави нова фотографија на Инстаграм, селфи со нејзините синови, со многу емотивна порака:
– Порака за вас: „Драга жено, само за да знаеш, ти си силна! Се што те погоди во животот, храбро си го издржала.
Плачеше пред спиење затоа што беше поделена на илјадници парчиња, но ги избриша солзите и продолжи понатаму.
Преживеа работи што требаше да те скршат. И стана посилна, од ден на ден стануваш посилна. Фала му на Бога за тоа “.
– П.с. Ви благодарам што ми ја испративте оваа порака и имам чест да им ја пренесам на сите мајки кои се борат да ги вратат своите деца.
Издржавме многу полоши работи. И ова ќе го издржиме – напиша Тања, а се уште не е познато кога ќе ги врати синовите.
На постот коментираше Драгана Мирковиќ која напиша: Само храбро и само напред, мајка е тоа! На ова Тања ѝ возврати: Така е, колку и да е тешко, мораме да се бориме. Те љубам многу душо моја“.
Фото: Инстаграм принсткрин