Не знаеле како се прават деца иако биле во брак, акушерка ги научила

0

Можеби ќе ви звучи на бајка, но ова е вистината приказна, колку и да ви звучи чудна откако ќе ја прочитате. Верувале или не, една брачна двојка немала поим дека треба да вода т љубов за да имаат дете. Тие живееле во верување дека „децата доаѓаат по своја волја“.

Оваа малку чудна приказна ја раскажала 59-годишната Рахел Хирсон, која 40 години работела како медицинска сестра и акушерка, а после толку време, дури сега одлучила да зборува за многубројни чудни ситуации со кои се соочувала во текот на нејзината кариера.

Бидејќи таа честопати одела во домашни посети, што било составен дел од нејзините работни обврски и задолженија, таа имаала можност да собира изобилство од такви приказни, кој најпосле се одлучила да ги опише и објави во нејзината книга „Ракувај се со грижата: Исповеди на пациентите.

Меѓу другото, Рахел во својата книга открива дека во еден момент од своето работно искуство се соочила со необична ситуација, кога била принудена да ги „научи“ сопругот и сопругата за в одењето љубов, откако сфатила дека тие двајцата немаат поим за сопствената биологија.

„Тие биле во брак неколку години, но „децата никако не доаѓале“, била изненадена од објаснувањето на овој брачен пар. Општата лекарка заклучила дека тие всушност, не знаат како да направат бебе, бидејќи најверојатно живееле изолиран и поинаков живот од другите, обичните луѓе..

Mојата работа беше да ги научам како се прави „тоа“, се сеќава таа во своите мемоари, додавајќи дека овој настан се случил многу одамна “во времето пред Интернетот”, кога многу работи не им биле достапни на младите за разлика од денес. Без соодветно образование, се случувале и вакви работи.

“Тие искрено веруваа дека бебињата пристигнуваат како резултат искучиво на бракот и немаа идеја дека мора да се потрудат самите околу тоа. Тие всушност, не знаеја дека треба да го „консумираат“ бракот за од него да произлезат дечиња. Бев изненадена од предизвикот пред кој бев ставена.

Да научите некого за една таква работа, а притоа да не сте му родител ниту во било каква роднинаска врска – е многу одговорна работа”, додаде таа, истакнувајќи дека по неколкуте нејзини посети, парот се запознал со тајните на бракот и „не можеше да ги оттргне своите раце еден од друг“.

Покрај тоа, во нејзината богата кариера, таа видела секакви чудни однесувања. На пример, едно такво се случило кога требало да оди на домашна посета кај едно дете. На нејзината втора посета, кога требало да го провери здравјето на 18-месечното момче, брзо сфатила дека тоа и неговите родители живеат во бор дел.

“Тие ме воведоа во кујната, а лево беше салонот што обично се користеше како трпезарија во други куќи. Тука, сепак, очигледно имаше бор дел во кој имаше двоен кревет и неколку жени во него “, објасни таа.

Иако околината беше прилично невообичаена, Рачаел вели дека детето било здраво и добро развиено, и видела многу полоши ситуации, пренесува The Sun. / Фото: Freepic

Претходна статијаЛенче Кукиќ: Кога ни даваат бакшиш им викаме, Господ да ве благослови
Следна статијаДрагана Мирковиќ од Австрија ѝ упати емотивни зборови на Тања