Мажот ме напушти откако ослабев, си најде жена која личеше на мене претходно: Ана раскажа искрена приказна

0

Многу луѓе на светот имаат мака со вишокот на килограми, и се борат со разни диети, режими на исхрана и напорна физичка активност. Токму една таква борба имала Ана Белејклок, која целиот живот имала мака со вишок килограми.

Ана долги години имала проблем со вишокот на килограми, а кога ослабела и стасала до конфекцискиот број 38, дознала дека мажот ја изневерува. Откако ослабела, бракот кој траел 25 години се распаднал.

Жената во која се вљубил нејзиниот маж исто така е со вишок на килограми, па дури и слично се облекува како Ана, кога била подебела.

„Додека бев подебела , беше лесно да ме контролираат. Не се дружев со никого, немав пријатели, а својот живот го живеев преку децата. Не сакав да се истакнувам, сакав да живеам во сенка.

Како што ја губев тежината, чувствував како да ми паѓа камен од срцето. Но, мојот сопруг полека почна да ја губи контролата и тогаш почна да бара друга жена“, раскажала Ана.

Трансформацијата на оваа Американка, за која раскажа во „Дејли Мејл“, ја чинела 25 години брак. Еве што се случило.

Една вечер во домашна атмосфера, таа слушнала знак за порака која стасала на телефонот на сопругот. Била љубопитна, ја отворила пораката и имала што да види. Текстот недвосмислено сведочел за интим ниот однос на нејзиниот маж на и жената која ја пратила пораката. Во тој момент, бракот пукнал, но Ана доживеала уште изненадувања.

„За таа жена не знаев многу, освен дека е помлада од мене и само тоа. Но, потоа го видов мојот сопруг со неа, и се шокирав кога видов колку е крупна, огромна. Наликуваше на мене пред да ослабам.

Имаше дури и ист стил на облекување како мене кога бев дебела. Дваесет години поминив со огромен вишок на килограми и знаев дека не сакав да се вратам на тој период“, изјавила Ана.

Во исто време кога ѝ се распаднал бракот, и децата кои се веќе возрасни го напуштиле домот и Ана се чувствувала изгубено и осамено. Сепак, решила дека треба да оди напред.

„Знаев дека морам да почнам пак да живеам. Секој кој вели дека е иста личноста со вишок на килограми и без нив, лаже.

Губитокот на тежина го менува човекот , но и неговото влијание на другите луѓе“, раскажала Ана. Таа продолжила да слабее и по разводот, а сега носи конфекциски број 34 и неодамна повторно се омажила.

– Го најдов човекот кој ме сака поради она што сум, а не поради конфенкцискиот број. И понатаму внимавам што јадам и многу се движам.

мојот поранешпен сопруг многу слабо го гледам, си разменуваме само по едно „добар ден“ ако се сретнеме. Последниот пат, го видов пак со таа жена.

Фото:Freepic принсткрин

Претходна статијаДани доби „корпа“ од Министерството за култура за субвенции: Немам надежи за натамошни „смилувања“
Следна статијаКаков народ сме, јас во скафандер, а тие ми се смеат: Види го, како марсовец е