Каков народ сме, јас во скафандер, а тие ми се смеат: Види го, како марсовец е

0

Познатиот македонски диџеј Маријан Петровски- Мац, откако почна пандемијата со вирусот, и откако престанаа забавите по локалите и клубовите ѝ се врати на својата примарна професија.

Имено, тој е лаборант, и дека ѝ се враќа на медицината, тој објави на својот Фејсбук профил. Додека чекам да дозволите музика НЕ СЕДАМ СО СКРСТЕНИ РАЦЕ.

Се пријавив во лабораторија да го работам она што го работев 9 години. Вадење кр -в и испитување ( вие што не знаевте ). Дали музика или медицина јас пак сум со вас и за лошо и добро. ВЕ САКА ДИЏЕЈ МАЦ“.

Претходно, тој напиша уште еден отворен статус:

Први сте во кафаните, кафичите и дискотеките. Први сте да ви свират со виолина или дувачки инструмент на увце, први сте да ви застане пеjачот до вас и пее до вас, па онда следи сториња еден тон како пее до вас застанати.

А ВИЕ СРЕЌНИ НАСМЕАНИ ПЕЕТЕ СО НЕГО. Први сте за журка на диџеј, па со телефонот нарачка од јутуб МОЖЕ ЛИ ОВАА. први сте за ЗАБАВИ ОД НОЌЕН ЖИВОТ НЕЛИ?

Лепите пари од што уживате и ви е најубаво ,па нарачки песни за меракот ваш, па први сте да скрш ите чаша на џурџевдан или кренете раце горе на јака хаус трака.

Ама сега сте први дека ние сме срам, не чиниме, ние сме брука .. Ние сме без осет, ние сме виновниците за вирусот .. па уште што не сме најлошото.

Извинете што имаме фамилии, извинете што имаме некој талент или дарба за музика, извинете што го сакаме она што го работиме, а секако ВИЕ повеќе уживате додека ние го даваме најдоброто од нас.

И на крај кога ќе заврши ова Вие пак ќе трчате први во горе наведените места и ќе се фалите како го знаете пеачот или диџејот.

А ние пак преку музика ќе ви ја наполниме душата и ќе отидете дома со уште една не заборавна вечер во вашиот живот!

Едит. И додека бевте во карантин НИЕ ОД ДОМА ВЕ РАСПОЛОЖУВАВМЕ ПРЕКУ МУЗИКА И ПРАВЕВМЕ ДА ВИ Е УБАВО.“, рече диџејот. Тој е еден од нашите најпозитивни јавни личности. Секогаш на Фејсбук објавува колку оздравени од вирусот има.

Диџеј Мац раскажа случка за неодговорно однесување на граѓани.

– Каков народ сме … Боже, Боже. Прееска во скафандер облечен и заштитен .. нели на терен на домашни посети така се оди…


И си седат така надвор луѓенца пред бутици, продавници и си коментираат се смешкаат… као види го како марсовец е .. или космонаут … и јас како што ме дал Господ без влакна на јазикот.

ЛАБОРАНТ СУМ … влагам дома каде што луѓе не смеат да искочат и се болни, а некој треба крв да им земе за да си го проверат здравјето .. вие додека сте собрани и се смеете дека сум јас марсовец внимавајте да не треба да дојдам и кај вас дома.

Поздрав и имајте убав ден! И така не знаеа што да вратат … ШТАМА се деси“, раскажа диџејот.

Претходна статијаМажот ме напушти откако ослабев, си најде жена која личеше на мене претходно: Ана раскажа искрена приказна
Следна статијаЦеца откри дали раскинала со Богдан