Панчо Шорти од ДНК е познат како човек кој секогаш гласно си го кажува своето мислење за многу ситуации. Пред извесно време тој на Фејсбук се запраша: дали е пострашен Ков идот или загадениот воздух во Скопје?
„Не знам што е пострашно, дали Ковидот и новиот денешен Скопски рекорд од заболени или загадениов од “воздух” што ќе го дишеме во наредните 5 месеци.
А вака е со години наназад и ниту едни не превземаа никакви мерки освен празни изборни ветувања со префрлање на топката едни на други“, рече музичарот.
Панчо има лек како да избега од загадениот воздух, тој е речиси секој ден на Водно, качувајќи се пеш до врвот, до Милениумскиот крст.
И да врне и да вее, Панчо е на Водно зашто ако нешто реши, тоа треба и да го оствари.
Освен што е страстен вљубеник во спортот и во музиката, Панчо е татко на два сина кои ги воспитува да ги сакаат истите вредности.
Панчо е и многу хуман човек. Неговиот статус за цвеќињата на баба Ѓурѓа од минатата година, трогна многумина.
„Карпош три, веднаш на паркингот на Тинекс здогледав стара бабичка која седи со главата надоле, а пред неа 2-3 гајби со прекрасно тазе набрани букети цвеќе.
Тргнав кон неа и ја поздравив, ја крена главата ме погледна и едвај ме поздрави назад.
Веднаш ја познав, тоа беше баба Ѓурга и просто не ми се веруваше дека сеуште “работи” и покрај староста. Во тој момент, погледот на тие измачени очи, гласот и изгледот на тие збрчкани рацете ме скаменија.
Очи кој кажуваа многу без баба Ѓурѓа да треба да изусти ниту еден збор. Ја запрашав дали е добра, уште колку букети останале и дали ако и ги купам сите ќе си иде веднаш дома за да се одмори од топлово?
Ме гледаше десетина секунди збунето па ми кажа: Земи ги синко ако не ти е скапо ама знам дека тоа се многу пари, Премолчив на тоа, се насмевнав горко и ја замолив да ги изброи и каже колку би ме чинеле сите.
Почна да брои но сфатив дека не може сама па заедно го сторивме тоа, а додека броевме си направивме муабет и почна самата низ солзи да ми раскажува за нејзиниот живот кој рече дека не го посакува ни на најголемиот душман.
Плачев и јас но во душата за да не ме гледа баба Ѓурѓа и ја слушав внимателно со грутка во срцето. Кога изброивме и кога и ги дадов парите ( 1.100денари ) ме праша кој сум јас и што работам.
И кажав дека сум никој и ништо, дека немам посебна титула во општеството и дека пробувам да останам ЧОВЕК помеѓу сите луѓе.
Не знам дали ме сфати ама не е ни битно, најбитно е да знаеме дека баба Ѓурга има 88 години ( родена 1932 ) работи на ДОЖД, СНЕГ, ВЕТЕР и ПЕКОЛНИ ГОРЕШТИНИ и работи не од што сака туку од што МОРА за да ги прехрани внуците и децата на нејзиниот поч инат син.
Има букети од 25 и 50 денари, па би ве замолил ако ве носи патот натаму да купите, а со тоа да и помогнете на баба Ѓурга. Само треба да ја осетите таа енергија која ја има за да сфатите колку е суров животот.
Букетите се прекрасни и секогаш тазе набрани, а баба Ѓурга е мојот нов идол и кога ќе ја запознаете убеден сум дека ќе стане и ваш“, е трогателниот статус на Панчо.
Денеска, тој има посебна причина за славење, и ја одбележи со балони и во кругот на пријателите.
Панчо славеше за своите 20 илјадарки, тоест 20 илјади следбеници на Инстаграм.
Во негов стил, тој ги имитираше популарните инфлуенсерки, гушкајќи се со другарите и заблгагодарувајќи се на обожавателите, но и правејќи ги познатите селфи пози кои ги прават популарните инфлуенсерки.
За оваа прилика, Панчо набавил и балони, со една двојка и четири нули, но и балони со срциња и заедно со пријателите позираше покрај нив како вистинска „инфлуенсерка“. „Ми се “оствари” сонот, затоа славам“, напиша Панчо. Кој и да е поводот, само нека е весело.
Фото: Фејсбук на Владимир Блажев- Панчо, Јутјуб принсткрин, Freepic